Пендаровски: Поддршка за Украина слободно да го избере патот по кој ќе чекори во иднина

Од:

Целосна поддршка за Украина слободно да го избере патот по кој ќе чекори во иднина. Ако тој пат значи волја и подготвеност за интеграција на земјата и во Европската Унија и во НАТО, тогаш ние, без двоумење, мора да го подржиме изборот на Украина, напиша претседателот на државава Стево Пендаровски на Фејсбук.

Претседателот Пендаровски денеска престојува во работна посета на Тирана, Република Албанија, каде што учествува на Самитот Украина – Југоисточна Европа.

Пендаровски, како што соопшти неговиот кабинет, ќе се обрати на пленарната сесија на Самитот, а ќе оствари и билатерална средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

На Самитот Украина – Југоисточна Европа во Тирана, на кој домаќин е албанскиот премиер Еди Рама, а ко-домаќин е украинскиот претседател Володимир Зеленски, своето учество го потврдија претседателите на Република Србија и на Црна Гора, Александар Вучиќ и Јаков Милатовиќ, претседателките на Република Косово и на Република Молдавија, Вјоса Османи Садриу и Маја Санду, премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ, како и претседавачот со Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто.

Би можело да ве интересира

Претстои нова рунда преговори за завршувањето на војната во Украина, потврди Москва

A1on

Зеленски: Украина подготви предлози за завршување на војната

Горан Наумовски

Зеленски: Киев е подготвен привремено да ги запре нападите врз Москва

Горан Наумовски

Руски дрон го погоди седиштето на СБУ во Киев, има повредени

Предраг Петровиќ

Руски канали: Завршено опкружувањето на Орихив, падот на градот е „прашање на денови“

(ВИДЕО) Путин со жестока порака до Зеленски: „Со терористи не се преговара“