Пендаровски: Петков е Нелсон Мендела во споредба со неговите претходници

Од:

Претседателот Стево Пендаровски смета дека нема лични пораки кон него од премиерот на Бугарија Кирил Петков во коментарот околу темата кој ја води надворешната политика на една држава.

– Петков не оди со реторика која до вчера беше стандардна за некои претставници на бугарската власт. Тој во споредба со претходниците во Бугарија е како Нелсон Мендела. Претходно на дневно ниво имавме количина нанавреди и кон нас и кон државата, рече Пендаровски во изјава за медиумитее пред Музеј на македонската борба каде што ќе ја отвори изложбата „150 години од раѓањето на Гоце Делчев“.

Околу заедничкото честување на Гоце Делчев, Пендаровски потенцира дека ваквиот чин не може да ја влоши систуацијата.

– Не знам дали во формална смисла постои одлука за заедничко чествување, но не гледам проблем и да е така. И претходно сме имале заедничко честување на одредени настани и личности и без да има одлука на историската комисија. Година и пол разговараат во Комисијата, немаат заедничко решение за Гоце Делчев. Заедничкото чествување не е протисок за подбрзо да се однесе одлука. Не го лгедам ова како чин кој ќе одмогне туку кој ќе помогне, вели Пендаровски.

Тој ги коментираше и свирежите кон него пред влезот на црквата Свети Спас каде положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев.

-Нема да ги затвораме луѓето затоа што изразиле задоволство или незадоволство од било кој наш потег. Затоа се боревме за да живееме во демократска земја. Мене ми е драго што гледам таква реакција. Ние сме платени за да трпиме секаква критика, одговори Пендаровски на новинарско прашање.

Би можело да ве интересира

Пендаровски до ВМРО-ДПМНЕ и Давкова: Немој да си играте со судбината на Македонија

Предраг Петровиќ

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

Пендаровски: Мицкоски по амбасади ветува дека прв негов приоритет ќе биде внесување на Бугарите во Уставот

(ВИДЕО) Пендаровски: Знам некои од другата страна што имаат многу причини за страв од ветинг

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски до Силјановска-Давкова: Нека ѝ служи на чест!

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски во Виница: Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот

Горан Наумовски