(ВИДЕО) Пендаровски: Откриено е организирано и планско ширење лажни вести за коронавирусот

Од:

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, на денешната прес-конференција информираше дека надлежните органи деновиве откриле неколку обиди за организирано ширење лажни вести со цел, како што рече, дополнително да се влоши состојбата и да се изгуби довербата во надлежните институции.

Како што појасни тој, ширењето вакви информации не биле од незнаење, туку се правеле плански и организирано.

„Службите имаат детектирано изминативе денови организирани групи кои шират лажни вести за коронавирусот со цел ширење паника меѓу граѓаните и недоверба во институциите и системот “, посочи Пендаровски во обраќањето пред медиумите.

На новинарско прашање дали се знае кои се лицата или структурите кои стојат зад лажните вести, Пендаровски рече дека не може да открие детали, но само кусо рече дека тоа се биле истите ентитети кои на овој начин делувале за време на референдумската кампања.

Шефот на државата ги упати граѓаните и медиумите за состојбата со вирусот да ги користат само официјалните информации од надлежните институции. Ги повика медиумите да известуваат одговорно и професионално, бидејќи само тако ќе придонесат точната информација да биде пренесена до граѓаните.

Би можело да ве интересира

Јаревски: Стево Пендаровски тврдеше дека не сака канцеларија, за еден ден потоа да побара да му се дозволи да користи

ВИДЕО: Кукла Робот кој предупредува на лажни вести поставена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

На Пендаровски ќе му мирува правото на пензија, на 29 пратеници од претходниот состав им е одобрена апанажа

Пендаровски се откажа од државна пензија, ќе има канцелартија со тројца вработени

Катерина Ѓуровски

Пендаровски ѝ ја честита изборната победа на Сиљановска-Давкова и ѝ посака успех на претседателската функција

Сиљановска-Давкова ја презеде претседателската функција од Стево Пендаровски