Пендаровски од Тетово: Нашите политики значат културолошко и политичко приближување до Европа

Од:

Со ваша поддршка за избор на претседател давате ветер во грб на оваа владина структура која за само две години направи многу важни работи за државата како што се договорите со Бугарија, Грција и законот за јазици со што е затворен Охридскиот рамковен договор. Со сето тоа Северна Македонија ја делат само два месеци од приклучокот кон Европската Унија, каде освен географски се обидуваме и културолошки и политички да бидеме составен дел, порача претседателскиот кандидат на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски од митингот во Тетово.

– Десет години државата ја водеше човек кој го делеше народот и се интересираше само за неговите од партијата и етничката заедница. Но ние не велиме така. И пред пет години и сега рековме дека на Македонија и треба заеднички претседател.

Наместо пари за споменици и слични глупости време е парите да одат кај народот. Од 2006 до 2016 се иселија повеќе луѓе отколку во првата деценија од самостојноста, рече Пендаровски.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев истакна дека разноликоста блика во Тетово и градот претставува симбол на мултиетничноста.

– Затоа и ние имаме еден кандидат кој обединува, кој ќе биде претседател за сите. Крајно време е да се откажеме од национализмот и популизмот. Некој од Муртино Македонец кој ќе се бори за Албанец, но и Албанец кој ќе се бори за Македонец. Затоа ние се обединивме.

За разлика од Мицковски кој вчера од тука од Тетово ми се заканувал. Се заканувал и тој од христијанско братство, но како се заканувал, како христијанин или за Христијан (Мицковски). Во христијанство нема закани туку има помагање, рече Заев.

Тој потенцираше дека во изминатие две години растат бројките на директни странски инвестиции.

– Веќе броиме 635 милиони евра директни инвестици, бележиме економски раст. Сега како членка на НАТО ќе почувтсвуваме што значат инвестиции, надеж и подобра иднина за сите нас, наместо иселувањето, истакна Заев.

Од коалициониот партнер ДУИ, пред присутните се обрати Арбер Адеми кој на македонски и албански јазик истакна дека како одат деновите се поголема е поддршката за Стево Пендаровски.

-Цела Македонија ќе гласа, затоа сме ние обединети за оваа европска опција, рече Адеми.

Би можело да ве интересира

Двајца тешко повредени во сообраќајка на обиколницата за Тетово

Горан Наумовски

Поради сообраќајка на патот Тетово – Гостивар, сообраќајот по една коловозна лента

19-годишно момче е осомничено за убиство на 16-годишен малолетник

(ВИДЕО) СДСМ: Нашите советници во Тетово нема да гласаат буџетот за 2025 година

Извештаите за смртта на бремената жена и 14-месечното бебе се готови, Таравари повика да делуваат судските органи ако се утврди лекарска грешка

Катерина Ѓуровски

Труење е веројатната причина за смртта на мајката и детето во тетовското село Слатино

Катерина Ѓуровски