Пендаровски: Од 2011-та ме прислушувале и мене, но и малолетниот син и сопругата

Од:

Стево Пендаровски, кандидатот за претседател на СДСМ и опозицијата бил прислушуван од 2011 година до денес.

Освен неговиот телефон, Пендаровски во емисијата „360 степени“ на телевизијата Алсат-М обелодени дека биле прислушкувани и телефоните на неговиот малолетен син, на неговата сопруга и на неговите родители.

Пендаровски обелодени дека постојат јасни и директни докази за измамите на изборите во 2011 година, кои наскоро ќе бидат објавени, најмногу во делот на личните документи. Власта разработила гигантска шема на изборни измами, за 150 илјади гласови. Дел од „бомбите“ на Заев и СДСМ, рече, се и докази за изборни измами.

„Опозицијата ќе ги добиеше парламентарните избори во 2011 да немаше фабрикувани гласови и сега ќе беше на власт“, рече Пендаровски.

Побара медијација на меѓународните фактори за да се надмине актуелната криза.

„Се плашам дека мора да дојдат ако не сакаме да ни се случи 2001 без пушки, да ја загубиме државата сите. Ако власта оди до крај, може да го судри народот меѓу себе, дали преку религискиот момент или на партиска основа“, рече Пендаровски.

Би можело да ве интересира

Пендаровски до ВМРО-ДПМНЕ и Давкова: Немој да си играте со судбината на Македонија

Предраг Петровиќ

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

Пендаровски: Мицкоски по амбасади ветува дека прв негов приоритет ќе биде внесување на Бугарите во Уставот

(ВИДЕО) Пендаровски: Знам некои од другата страна што имаат многу причини за страв од ветинг

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски до Силјановска-Давкова: Нека ѝ служи на чест!

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски во Виница: Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот

Горан Наумовски