(ВИДЕО) Пендаровски: Нема да прогласам нова вонредна состојба

Од:

Претседадателот на државата Стево Пендаровски најави дека нема да предложи нова вонредна состојба, што значи дека почнуваат да течат роковите за распишаните предвремени парламентарни избори.

На 30 мај оваа година донесов одлука за вонредна состојба, истекува на 13 јуни на полноќ. Сите вонредни состојби досега ги прогласував на барање на Владата и за сите претходеше седница на Советот за безбедност. Познато е дека сите претходни ги прогласив за да се управува преку уредби со законска сила во борба со пандемијата откако голем дел од стопанските субјекти престанаа со работа, рече претседателот Стево Пендаровски во денешното обраќање.

Претседателот може и без барање на Владата да прогласи вонредна состојба, но тоа никогаш не го направив и нема да го направам, зашто сметам дека ниту еден политички субјект не смее сам да одлучува.

Нема потреба да прогласам нова вонредна сотојба, има економски мерки донесени доволно за следниот период, има залихи на медицински материјал, но и Владата не поднесе ново барање за прогласување вонредна состојба. Споредбите кои се прават со бројот на заразени не држат, зашто вонредната состојба не беше воведена поради бројот на заразени од коронавирусот. За карантин, полициски час и слично нема потреба да има вонредна состојба, Владата тоа може да го донесе по закон, рече Пендаровски.

Ниту изборите не зависат од тоа дали има вонредна состојба или не, избори може да се органзиираат и во време на вонредна состојба, само Владата треба да напише дека изборните рокови течат и за време на вонредната состојба.

Јас знам дека голем број од граѓаните не размислуваат за избори, но избори со коронавирус која нема да замине наскоро е потрено за функционалаен Парламент и Влада. Власта и опозицијата се согласни дека на изборите мора да има мисија на ОБСЕ/ОДИХР, дека треба Комисијата за изработи посебни протоколи, за жал, власта и опозицијата не ги приближија ставовите за датумот на изборите.

Доколку се случи да организираме изборен процес кој нема да биде инклузивен, поради тоа што Собранието е распуштено, имаме иницијални елементи на уставно правна криза. Доколку не успееме да се договориме, тоа ќе значи влез во криза. Јас повикувам да седнеме уште денеска и да најдеме излез од оваа ситуација со лидерите не СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, испрати порака Пендаровски.

Првично, на 18 март претседателот Пендаровски прогласи вонредна состојба на територијата на целата држава поради епидемијата на Ковид-19. Тој прогласуваше вонредна состојба вкупно четири пати. На 16 април Пендаровски ја продолжи вонредната состојба од 18 март за уште 30 дена, во средината на мај за уште 14 дена, а потоа за уште дополнителни 14 дена.

Тој потенцираше дека траењето на вонредната состојба нема никаква корелација со датумот на следните избори.

„Многу важна, веројатно најважна, причина за оваа одлука беше и тоа што на таков начин се овозможува Владата да продолжи , преку уредбите со законска сила да овозможува на целокупниот здравствен сектор поуспешно да се справува со пандемијата“, нагласи Пендаровски пред 14 дена, кога ја продолжи вонредната состојба, која трае до утре, сабота (13 јуни).

Еврокомесарот Вархеј веќе имаше телефонски разговор со лидерите на СДСМ Зоран Заев и ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на тема избори, во кој посочи дека на земјата ѝ се потребни фер и демократски избори.

Би можело да ве интересира

Пендаровски: На сите странци им ветуваат дека ќе направат измени на Уставот, а граѓаните ги лажат без усул!

Предраг Петровиќ

Ковачки: Пендаровски е се понервозен од малиот рејтинг и премалата посетеност на неговите митинзи, да се обединиме, силата е во народот а не во корумпираната елита на СДСМ и ДУИ

Ковачки: Граѓаните да не очекуваат извинување од Пендаровски за навредите кон Силјановска Давкова, бидејќи човекот свесно премолчи сексуално вознемирување во Армијата

Пендаровски: Ако го интересира Мицкоски кој од неговите најблиски соработници биле кај мене, ќе му кажам

Предраг Петровиќ

Пендаровски од Ѓорче Петров: Христијан Мицкоски се смета себеси за наследник на Ванчо Михајлов

Предраг Петровиќ

Пендаровски: Ако ги делиме граѓаните поради етничката припадност, државата ќе се враќа назад и ќе нема просперитет за никого

Предраг Петровиќ