Пендаровски не кажува дали ќе остане на најавата дека нема да го потпише Законот за игри на среќа – Став ќе има откако ќе го добие законот

Од:

Претседателот Стево Пендаровски не открива дали ќе опстои на најавата дека нема да стави потпис на измените на Законот за игри на среќа, кои денеска се на собраниска седница, а со кои треба да се отстранат сите објекти на приредувачите на игри на среќа кои се поблизу од 500 метри до образовни институции. Иако претходно најави дека нема да ги потпише измените, сега од кабинетот на Пендаровски велат, став ќе има откако претседателот на Собранието, Јован Митрески ќе го испрати законот до него.

„Ќе излеземе со став откако ќе го добиеме текстот на законот“, велат за А1он од кабинетот на Пендаровски.

Претходно, приредувачите на игри на среќа го повикаа претседателот да не дозволи да се затвори гранка во која има илјадници вработени, а кои со овој закон би останале без работа.

„Го повикуваме претседателот Стево Пендаровски да опстои на најавата дека нема да го потпише Указот за стапување на сила на овие скандалозни и противуставни измени поради злоупотреба на скратените процедури што ги овозможува ЕУ знамето и опструирање на гласањето на клучен амандман за спасување на вработените“, рече Горан Стоименов од здружението АПИС.

Би можело да ве интересира

АПИС и АСОМ бараат јавна расправа за предлог Законот за игри на среќа

Катерина Ѓуровски

„Сакам да работам“ одржа предупредувачки, но најави масовни протести ако се усвои новиот Закон за игри на среќа

Граѓански организации апелираат до пратениците да не ги поддржат измените на Законот за игри на среќа

АСОМ до пратениците: Не поддржувајте закон кој ќе остави на улица 10.000 луѓе

„Сакам да работам“ до пратениците: Излегуваме на протести во одбрана на вистината!

АСОМ: Никогаш не сме биле дел од процесот на изработка на новиот предлог закон

Катерина Ѓуровски