Пендаровски: Нашите преговори за членство се тест за кредибилитетот на Европската Унија

Од:

Рускиот напад на Украина на многу јасен начин ги потврди придобивките од нашето членство во Алијансата, истакна претседателот Стево Пендаровски денеска во Цетиње, во рамки на официјалната посета на Црна Гора.

Претседателот за време на посетата оствари средба со претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, по што се одржа и заедничка прес-конференција на двајцата претседатели.

Пендаровски и Ѓукановиќ заеднички заклучија дека унапредувањето на економските врски треба да биде врвен приоритет.

„Пандемијата неспорно ги оптовари нашите стопанства, а војната во Украина покажа дека без оглед на фактот што воените дејствија се одвиваат на илјадници километри далеку од нашиот регион, меѓузависноста од светските пазари на енергенси и на основни животни продукти драстично влијае и врз нашите економии. Ме радува што со претседателот Ѓукановиќ делиме слични погледи за потребата од поблиска соработка, со цел, полесно да ги надминеме овие заеднички предизвици“, рече Пендаровски.

Двајцата претседатели оценија дека актуелните состојби во регионот добиваат поинаква динамика во светло на војната во Украина. Сметаат дека европските интеграции се процес кој овозможува длабинска трансформација и реформи во насока на демократизација на општествата и не случајно Европската Унија е стратешка цел и на Северна Македонија и на Црна Гора.

„Особено ја цениме принципиелната позиција на Црна Гора за наметнатите пречки на нашиот европски пат, препознавајќи го ризикот за сите нас од внесување на билатерални прашања во европската агенда. Нашите преговори за членство се тест за кредибилитетот на Европската Унија. Потребни се стратешки одлуки веднаш, во спротивно трендовите на опаѓање на граѓанската поддршка за интеграциите кои се видливи ќе стануваат се посилни“, истакна Пендаровски.

Ужасот кој го гледаме во Украина, оцени претседателот, мислевме дека е невозможен на европско тло по страшните војни од минатиот век.

„Потребна ни е солидарност и уште поголема соработка за да излеземе на крај со последиците на руските воени дејствија во Украина. Како дел од НАТО стоиме зад сите негови одлуки, а како земја-кандидат за членство во Европската Унија сме сто процентно усогласени со заедничката европска надворешна и безбедносна политика. Во таа смисла се приклучивме на сите пакети на санкции на Европската Унија насочени кон Русија“, рече Пендаровски.

Ова е прва официјална посета на Црна Гора на Пендаровски откако е избран за претседател.

Би можело да ве интересира

Претседателот Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Ердоган

Ана Ололовска

Пендаровски: Судскиот совет се избрука, би сакал да видам и други амбасади да ги повлечат своите пари од некои невладини и медиуми

Орце Костов

(ВИДЕО) Пендаровски: Ги потпишав указите за петте закони поврзани со „Бехтел и Енка“

Орце Костов

Пендаровски со својот правен тим ќе ги разгледува измените на законите за коридорите 8 и 10д пред да ги потпише указите

Црните списоци за Бугари ги иницирал Пендаровски, обвини европратеникот Ковачев

Орце Костов

Пендаровски: Ако не бевме во НАТО и не споделувавме информации во тој систем, немаше да можеме да се справиме со руската пропаганда

Ана Ололовска