Пендаровски: Модернизација на армијата и европски услови за војниците се мој врвен приоритет

Од:

Денеска сакам да ги претставам моите заложби и проекти како иден врховен командант на македонската Армија. Армијата е гарант на суверенитетот, независноста и неповредливоста на територијата на државата.

Македонските војници се нашата гордост, тие се најзаслужни за успесите во меѓународните мисии и за поканата која ја добивме за членство во НАТО.

Затоа, во мојот мандат врвен приоритет ќе биде модернизација на Армијата како и обезбедување на европски услови за македонските војници.

Како иден врховен командант, моја цел ќе биде континуирано зголемување на буџетот за Армијата и обезбедување НАТО стандарди за нашите војници. Ова ќе значи добри услови за нив за гордо и достоинствено да ја бранат нашата татковина.

Процесите замодернизација се веќе започнати и јас во соработка со Министерството за Одбрана силно ќе ги поддржам и забрзам. Посебен фокус ќе ставам на проектите и реформите кои се однесуваат на покачување на платите, домувањето, но и мерките за поддршка на припадниците на армијата по нивното пензионирање од активна служба во армијата.

Второ, како врховен командант особено внимание ќе посветам на именување на искусни и квалитетни кадри на позициите од суштинско значење за безбедноста на земјата. Ова е исклучително важно и на овие позиции ни требаат најдобрите професионалци со кои располагаме.

При именувањето на Началникот на Генералштабот и Генералите во армијата секогаш ќе се водам од нивните професионални достигнувања. Само вака ќе обезбедиме професионална армија и почит од нашите сојузници.

Во рамките на моите овластувања во агенцијата за разузнавање, активно ќе учествувам во реформата на безбедносниот систем на нашата држава, согласно со стандардите на најразвиените демократски земји. Обезбедување на ефикасни и независни системите за безбедност мора да бидат врвен приоритет на Владата и на Претседателот.

Никогаш повеќе нема да дозволам делови од Агенцијата за разузнавање односно нејзини делови да бидат злоупотребени како што тоа беше случај во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

И трето, Советот за безбедност важно тело кое досега беше целосно занемарено до актуелниот претседател, ќе го свикувам редовно и во него ќе членуваат реномирани експерти од областа на безбедноста, но и претставници на власта и опозицијата.

Националната безбедност не е и не смее да биде жртва на тесните партиски интереси и политичките интереси на поединци.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лажната скромност на Пендаровски, кажа дека не сака канцеларија, за ден потоа експресно да побара

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски

Пендаровски го призна поразот: Резултатите се јасни, но мојата совест е мирна

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Пендаровски: Очекувам дека изборите ќе завршат во мирна атмосфера како што доликува на демократско општество

Горан Наумовски