Пендаровски – Корчок: Македонија и Словачка се партнери во НАТО, а ќе бидат и во ЕУ

Од:

Претседателот Стево Пендаровски и словачкиот министер за надворешни и европски работи Иван Корчок на денешната средба во Скопје ги потврдиле пријателските односи меѓу Северна Македонија и Словачка, нагласувајќи дека во иднина треба да се интензивира политичкиот дијалог и размена на посети на високо ниво меѓу двете земји, штом ситуацијата со пандемијата на Ковид-19 ќе го овозможи тоа.

Претседателот Пендаровски, како што соопшти неговиот кабинет, се заблагодарил за силната словачка поддршка за нашите евроинтеграции.

-Исклучително ја цениме силната, континуирана и недвосмислена поддршка од Словачка која е наш значаен партнер и поддржувач во евроинтеграциите, силен партнер во НАТО, a се надевам дека нашето партнерство ќе продолжиме да го негуваме и во рамки на Европската Унија, порачал Пендаровски.

Претседателот изразил интерес и за интензивирање на соработката, особено во областа на економијата која не го достигнала својот реален потенцијал, иако билатералната трговска размена во последните 5-6 години има константен раст. Во таа насока, претседателот Пендаровски изразил очекување дека ќе се зголемат инвестициите на словачките компании во нашата држава, особено после нашето членство во НАТО и напредокот направен кон ЕУ.

На средбата, како што е наведено во соопштението, станало збор и за состојбите во двете држави во однос на пандемијата на Ковид-19, при што се разговараше за конкретни предизвици кои се во интерес на двете држави, а се предизвикани од тешките околности на целиот континент. Претседателот Пендаровски се заблагодарил и за словачката поддршка и донации во областа на здравството.

Би можело да ве интересира

Каја Калас: Словачка го одложува усвојувањето на новиот пакет санкции против Русија

Фицо ги блокира новите санкции на ЕУ кон Русија

Пендаровски кој доби функција на поклон од Заев, се обидува да дели лекции за државност, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Фицо: Укинувањето на правото на вето што го има секоја европска земја ќе доведе до крај на ЕУ

А1он

Фицо: Доколку антируските санкции не ја загрозат Словачка, се согласуваме со ЕУ

Фицо: Гарантирано одам во Москва за Денот на победата