Пендаровски консензуален кандидат за претседател

Од:

Стево Пендаровски е изборот за консензуален кандидат за претседател од СДСМ, ДУИ  и Алтернатива на Африм Гаши, дознава „А1он“. Неофицијално попладнево владејачкото мнозинство и официјално ќе ја соопшти оваа одлука.

На средбата помеѓу лидерите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети на маса биле ставени две имиња Стево Пендаровски и Оливер Спасовски кои се споменуваа и до сега во јавноста како можни кандидати. Сепак, владејачкото мнозинство се одлучилo за Стево Пендаровски како што вчера објави „А1он“.

Изборот се должи на високиот рејтинг кој го покажал на неколкуте последни испитувања на јавното мислење кај граѓаните, вклучувајќи ги неопределените гласачи, огромната поддршка кај албанскиот блок како и поддржувачите на СДСМ.

На Конгресот во недела СДСМ се очекува со акламација да застане зад кандидатурата на Стево Пендаровски за шеф на државата.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната