Пендаровски ја поздрави одлуката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур

Од:

Претседателот Стево Пендаровски ја поздрави одлуката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур донесена утрово со која се отфрла тужбата против Република Северна Македонија.

-По објавувањето на одлуката од страна на Европскиот суд за човекови права, претседателот ја разгледа со советничкиот тим и смета дека сите засегнати со постапките поведени од страна на Обвинителството и судовите во државата, треба своите права да си ги остваруваат пред домашните институции, како што е наведено и во одлуката на Судот во Стразбур. Во оваа смисла, сите постапки пред домашните судови продолжуваат до нивно конечно завршување, односно исцрпување на сите правни средства согласно правните прописи на нашата држава, се наведува во соопштението од кабинетот на претседателот Пендаровски.

Европскиот суд за човекови права во Стразбур ја отфрли како недопуштена, жалбата за поништената аболиција на поранешниот претседател Ѓорге Иванов од 2016 година со која беа помилувани 56 лица осомничени и осудени во повеќе предмети што ги водеше Специјално јавно обвинителство, меѓу кои и поранешниот премиер Никола Груевски, министерот за транспорт и врски во неговата влада Миле Јанакиески, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директор на УЈП Сашо Мијалков и други тогашни државни функционери.

Би можело да ве интересира

Пендаровски со својот правен тим ќе ги разгледува измените на законите за коридорите 8 и 10д пред да ги потпише указите

Пендаровски: Македонскиот јазик е заштитникот на нашиот идентитет, сегашност и иднина, коренот на нашето битие

Пендаровски: Немањето претседател на Судскиот совет фрла темна дамка врз целото демократско досие на државата

Пендаровски на крунисувањето на британскиот крал Чарлс во Лондон

Пендаровски: За потпишување укази не примам совети, пакетот закони за коридорите ќе го разгледам со мојот правен тим

Мицкоски: Пендаровски го амнестира криминалот на Владата, нека не ги потпишува штетните закони за коридорите