Пендаровски ѝ ја честита изборната победа на Сиљановска-Давкова и ѝ посака успех на претседателската функција

Од:

По официјалната церемонија на примопредавање на функцијата Претседател, претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова оствари тет-а-тет средба со нејзиниот претходник Стево Пендаровски и ги поздрави вработените во Кабинетот на Претседателот.

-На средбата Пендаровски ѝ честита на претседателката Сиљановска-Давкова за победата на претседателските избори и ѝ посака успех во извршување на функцијата. Двајцата соговорници го поздравија спроведениот изборен процес посочувајќи дека изборите беа израз на волјата на македонската јавност и ја демонстрираа демократската зрелост на нашата држава, соопшти претседателскиот Кабинет.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Државата се чува со вложување во младите – никој нема право да ја ревидира нашата национална историја

А1он

Сиљановска-Давкова по повод 2 Август – Илинден: Каква Република ќе им оставиме на нашите деца и внуци?

А1он

Сиљановска Давкова: Дојде време економското партнерство со Индија да го достигне квалитетот на политичките односи

Претседателката Сиљановска-Давкова ја пречека претседателката на Индија, Друпади Мурму

Сиљановска Давкова: Кредибилен партнер сме на НАТО, да се надмине лавиринтот на патот кон ЕУ

А1он

Сиљановска-Давкова: Мирот и демократијата се темел на силна Европа и силно НАТО

Горан Наумовски