Сиљановска-Давкова: Мирот и демократијата се темел на силна Европа и силно НАТО

Од:

Повеќе кантијанизам од макијевализам. Денеска би дакала да кажам дека мотото „Посилна Европа – посилно НАТО“ според мене значи дека проширена и обединета Европа е посилна Европа. Но, најсилната Европа е Европа што живее во мир и демократија базирана на принципи и вредности. Тоа е мојата порака – истакна претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во кусата изјава за медиумите пред состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади, што се одржува во претседателскиот комплекс „Бештепе“ во Анкара.

Предвидено е претседателката Сиљановска-Давкова да има обраќање на состанокот на Северноатлантскиот совет, на кој учествуваат шефовите на држави и влади на 32 земји членки на НАТО.

Во пресрет на самитот на НАТО, Сиљановска-Давкова синоќа присуствуваше на приемот организиран од претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган.

– Во духот на сојузништвото и меѓусебната почит со шефовите на држави и влади разменивме мислења за натамошното обликување на евро-атлантската безбедносна архитектура, јакнењето на колективната одбрана и зацврстувањето на трансатлантското единство. Убедена сум дека со политичка мудрост, заемна доверба и цврста посветеност можеме да креираме решенија во служба на мирот, стабилноста и безбедноста – објави претседателката на „Фејсбук“.

Би можело да ве интересира

Проф. Наде Проева, посхумно одликувана со Орден „8 Септември“

Претседателката Сиљановска-Давкова постхумно со Орден „8 Септември“ ќе ја одликува Наде Проева

Сиљановска-Давкова: Преку статусот и работата на Врховниот суд се цени состојбата во целокупното судство

Силјановска Давкова: Шест децении сцената на фестивалот „Војдан Чернодрински“ е простор на највисоки дострели на македонската театарска уметност

А1он

Пелегрини – Сиљановска-Давкова: Проширувањето на ЕУ треба да биде фер процес, предвидлив и со исти правила за сите кандидати

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он