Пендаровски и Радев разговарале за можна средба наскоро во Софија

Од:

Претседателот Стево Пендаровски денеска остварил телефонски разговор со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев информираат од Кабинетот на претседателот.

Пендаровски му честитал на Радев за стапувањето на должноста и му посакал успешен мандат.

– Двајцата претседатели разговараа за најновиот развој на билатералните односи меѓу двете соседни држави во светло на неодамнешната посета на претседателот на владата на Бугарија на Скопје, како и претстојните активности во Софија. Во тој контекст, претседателот Пендаровски го поздрави воспоставениот дијалог меѓу двете влади и ја истакна подготвеноста на Република Северна Македонија за негово интензивирање во наредниот период. Во насока на зајакнување на дијалогот меѓу двете земји, двајцата претседатели разговараа и за можноста за скорешна официјална посета на претседателот Пендаровски на Софија, како и за интензивирање на комуникацијата на највисоко ниво во претстојниот период, се вели во соопштението од Кабинетот на Пендаровски.

Би можело да ве интересира

Радев и официјално од денес не е бугарски претседател

Радев денес ја поднесе својата оставка до Уставниот суд

Шок во Бугарија: Радев даде оставка

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

Радев очекува побрза ЕУ интеграција на Македонија одма после уставните измени

Буџетскиот колапс ја разнишува власта – Радев бара оставка

Горан Наумовски