Пендаровски и Радев на заедничко чествување на Светите браќа Кирил и Методиј

Од:

Со посетата на базиликата „Санта Марија Маџоре“, претседателите на Северна Македонија и Бугарија, Стево Пендаровски и Румен Радев утре заеднички ќе им оддадат почит на Светите браќа Кирил и Методиј. Двајцата претседатели утре ќе положат цвеќе пред пред спомен плочата во чест на Свети Кирил и Методиј. Тие ги предводат делегациите на двете земји, кои ќе ги посетат Рим и Ватикан во чест на сесловенските просветители.

Положувањето цвеќе во спомен на сесловенските просветители на плочите на македонски и бугарски јазик и воопшто заедничката посета и заедничкото патување со бугарски државен авион на двете делегации се оценува како чекор кон затоплување на климата меѓу двете земји и тоа во момент кога на маса е ставен португалскиот предлог за решавање на спорот меѓу Скопје и Софија и за одблокирање на процесот на евроинтеграција на Северна Македонија.

Тоа ќе биде единствената заедничката активности на двајцата претседатели во чест на Свети Кирил и Методиј, а Пендаровски и Радев утре по оддавањето почит на сесловенските проветители ќе имаат изјава за медиумите.

Одбележувањето на Свети Кирил и Методиј на двете државни делегации оваа година не се одржа на Денот на просветителите, 24 Мај, туку малку подоцна поради здравствените протоколи на поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск. На самиот ден на Свети Кирил и Методиј во Рим и Ватикан беше делегација на МПЦ-ОА, предводена од владиката Пимен, кој чиноначалствуваше со молебен на гробот на Св. Кирил.

Пендаровски и Радев денеска полетуваат за Рим. Радев со неговата делегација најпрво ќе пристигне на скопскиот аеродром, каде ќе има куса неформална средба со Пендаровски и потоа двете делегации, заедно со медиумските екипи со бугарскиот државен авион ќе се упатат за Рим.

Претседателот Пендаровски денеска попладне во Рим ќе оствари средба со италијанскиот претседател Серџо Матарела, по што ќе даде изјава за медиуми.

Шефот на државата утре ќе има аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црквата, папата Франциск, а ќе оствари средба и со државниот секретар на Светата Столица, кардиналот Пјетро Паролин. Потоа, претседателот Пендаровски во базиликата „Сан Клементе“ ќе положи цвеќе на гробот на Свети Кирил

Во состав на државно-црковната делегација, што ќе ја предводи претседателот Пендаровски, се министерот за надворешни работи, Бујар Османи, министерката за култура, Ирена Стефоска, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, Негово Високопреосвештенство, митрополит европски, г. Пимен, и отец Зоран Стојанов, парох во Радово и Декан на Деканатот на Св. Кирил и Методиј при Струмичко – скопската епархија.

Заедничкото патување и чествување на Свети Кирил и Методиј многумина и во земјава и во ЕУ ги оценија како добра можност за затоплување на односите меѓу двете земји. И самите претседателите на двете држави позитивно гледаат на престојното патување, иако, како што напомена Пендаровски тие не може формално да преговараат за спорот, бидејќи немаат такви задолженија.

Пендаровски минатата недела изјави дека овој чин е еден добар симболичен гест од двете страни, кој може да ја олабави атмосферата во пресрет на преговорите меѓу двете земји во врска со блокадата за членство во ЕУ.

– Одиме на заедничко патување и на средби во Ватикан кај папата, затоа што ќе го решаваме спорот. Предлогот беше даден пред еден месец, јас сметав дека е добро со бугарскиот државен авион да ја собере целата делегација од кај нас, од Скопје. Сметам дека ова е еден добар сомболичен гест од двете страни и малку да ја олабавивме атмосферата во пресрет на она што ќе претстои понатаму во преговорите во врска со блокадата, изјави Пендаровски, кој додаде дека со Радев нема формално да преговара, но со оглед на фактот дека многу време ќе поминат заедно, неизбежно е дека ќе стане збор и за спорот, но сето тоа ќе биде во неформален контекст.

Радев изминатите два дена во Брисел учествуваше на Самитот на Унијата. Оттаму во врска со претстојната посета на Рим со Пендаровски истакна дека тие ќе ја покажат својата заедничка волја за соработка. Тој го оцени како „добар знак“ претстојното заедничко оддавање почит на делото на светите браќа Кирил и Методиј на делегациите на Бугарија и Северна Македонија во Рим и повика на политичка волја од Северна Македонија за постигнување конкретни резултати за проблематични прашања.

Бугарскиот претседател Радев вчера најави и дека се очекува во втората половина на јуни да има напредок по прашањето за европскиот пат и почетокот на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ, но дијалогот на највисоко работно ниво меѓу Софија и Скопје треба да продолжи што е можно поскоро.

Би можело да ве интересира

Радев: Нема да дозволиме да се кршат правата на Бугарите во Северна Македонија

Жарко Настоски

Пендаровски ги одликуваше Стефановски, Хаџиманов, Несими и Мукаетов со Орден за заслуги

Радев ги почна консултациите за формирање на новата бугарска Влада со „Има таков народ”

Катерина Павлова-Николовска

Радев утре ги почнува консултациите за состав на новата бугарска Влада

Средба Пендаровски – Орјан: С. Македонија и Израел негуваат блиски пријателски односи засновани на доверба и почит

Ана Ололовска

Радев: Време е сите да покажат одговорност, Бугарија нема време повторно да организира избори