Пендаровски и Блинкен се сретнаа на самитот на НАТО во Мадрид

Од:

Претседателот Стево Пендаровски, на маргините на НАТО Самитот оствари кратка средба со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен.

Претседателот Пендаровски ја истакна важноста на американската поддршка за македонските европски аспирации, како и помошта во конкретни области, вклучувајќи го унапредувањето на демократијата, владеењето на правото и борбата против корупцијата.

На средбата беа реафирмирани одличните билатерални односи меѓу САД и Северна Македонија, при што беше оценето дека почетокот на Стратешкиот дијалог месецов претставува важен исчекор во развојот на односите меѓу двете држави и конкретна имплементација на Стратешкото партнерство.

Во однос на безбедноста на европскиот континент, и влијанието на руската инвазија врз Украина на стабилноста на европскиот континент, претседателот Пендаровски истакна дека Северна Македонија е подготвена за споделување на предизвиците како полноправна земја членка на НАТО. Тој посочи дека членство на Шведска и Финска во НАТО ќе придонесе за зајакнување на безбедноста во Европа и на НАТО во целина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Инцидент на прес-конференцијата на Блинкен, обезбедувањето исфрли „непослушен“ новинар

Блинкен: САД воспоставија директен контакт со сириската фракција Хајат Тахрир ал-Шам

На состанокот на ОБСЕ Блинкен предупреди дека Русија ја загрозува европската безбедност

Блинкен: САД ќе ѝ дадат на Украина оружје во вредност од 725 милиони долари

Блинкен: САД не сакаат операциите на Израел во Либан да станат долготрајна кампања

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности