Пендаровски: Дојде време да си го вратиме она што ни го земаа пред 5 години

Од:

Кандидатот за претседател на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски на самиот почеток на вечерашната конвенција кажа дека е дојдено време да се земе она што им е одземено на граѓаните пред 5 години, победа на претседателските избори и светла иднина.

-Полна сала, полно срце. Конечно дојде време да си го земеме она што ни го земаа пред 5 години. Оваа енергија не води кон огромна победа, не за мене туку за нашата држава, за наше подобро заедничко утре, рече Пендаровски.

Кандидатот за претседател ги демантираше изјавите во јавноста дека актуелната влада потпишала договор да не се пушта химната на Република Северна Македонија на вчерашната посета на грчкиот премиер Алексис Ципрас. По ваквата изјава беше во салата Борис Трајковски беше интонирана химната на РСМ.

Пендаровски истакна дека победата на претседателските избори е загарантирана бидејќи ја има поддршката од сите етнички заедници во државата.

-Ние, на чело со Зоки во 2014 покажавме дека може да се освојуваат гласови од сите етнички заедници, тоа го повторивме во 2016, а тоа ќе го направиме и оваа година на 21 овој месец и на 5 мај, уште по убедливо, рече Пендаровски.

Кандидатот за претседател поддржан од владејачкото мнозинство напомена дека со заокружување на бројот 3 на претседателските избори, граѓаните гласаат и за задржување на младите во државата. Пендаровски исто така вети пред граѓаните дека ќе се претворат во реалност барањата од шарената револуција, а тоа е правда и мир во Република Северна Македонија.

-Со оваа политика гарантирано е останувањето на младите во државата. Слоганот на шарената револуција беше нема правда нема мир, гарнатирам дека ќе има правда и мир во државата. Не смееме да се коцкаме со иднината на земјата, на 5 мај треба да дадеме поддршка за оваа политичка структура која е единствена што нуди иднина на оваа земја. Треба уште еднаш да дадеме легитимтет на оваа структура. Бројот 3 тогаш беше добитен реално, и сега ќе биде добитен. Или ќе одиме сите заедно напред или нема да има среќа за нас. Назад сигурен сум дека никој не сака да ги преживува премрежјата на режимот додека гледавме како со години се пљачкаше државата а сега од странство ни кажуваат како треба да се води државата, рече Пендаровски.

На вечерашната конвенција свој говор имаа поранешниот министер и кандидат за претседател Имер Селмани и премиерот на РСМ, Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче му возвраќаат на Заев, неговите деца во партијата станаа кандидати за градоначалници

ВМРО-ДПМНЕ: Акиов е човек од доверба на Заев и соучесник во сценариото кое го подготвил со Филипче за дестабилизација во Кочани

Во енергетска криза, кланот Заеви и Филипче преку шема на фирми препродавале јаглен на ЕСМ три пати поскапо и профитирале, а граѓаните плаќале повисоки сметки за струја

Предраг Петровиќ

Пендаровски кој доби функција на поклон од Заев, се обидува да дели лекции за државност, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Манасиевски: Дали Филипче и Заев имале акции во индиска авиокомпанија и оттаму им се средствата за 50-катница во Дубаи

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не може да очекуваат ништо од СДС, ниту од Филипче, кој сака да биде „втор Заев“

Горан Наумовски