Пендаровски: Да овозможиме европските вредности да завладеат и кај нас дома

Од:

Им честитам на сите македонски граѓани за официјалниот почеток на преговорите за полноправно членство во ЕУ. И покрај предизвиците со кои се соочувавме низ годините, граѓаните ја одржаа поддршката за исполнувањето на нашата европска агенда порача претседателот Стево Пендаровски во пораката по повод почетокот на преговрите на Македонија со Европската унија.

– Започнуваме нова фаза за политичка интеграција, да станеме дел од европското семејство на нации, каде македонскиот јазик ќе биде еден од службените јазици на Унијата. Нѐ чека напорна работа, вложување на целокупните општествени и институционални капацитети за понатамошните фази на процесот на преговори. Благодарност до сите кои низ годините беа дел од институциите кои работеа на пристапувањето кон Европската Унија и максимално се вложуваа за успешна евроинтеграција. Да овозможиме европските вредности на слобода, демократија, правда, различност и просперитет да завладеат и кај нас дома, во нашата заедничка татковина се вели во обраќањето на претседателот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пендаровски: Силјановска потврди дека историските прашања не се услов за влез во ЕУ

Пендаровски за Мицкоски: Стравот е толку голем и му излегува од очи, да не случајно му се врати Груевски

Предраг Петровиќ

Пендаровски од Брвеница: Ќе продолжам да градам мостови на соживот

А1он

Пендаровски: Другата политичка опција носи стагнација за Македонија

А1он

СДСМ: Глас за Пендаровски е глас за сигурна европска иднина

А1он

Пендаровски: Прифаќам дебата со сите седум кандидати било каде и под било какви услови, нека дојде и Мицкоски