Пејиќ: Мисијата на РСЕ на Балканот не е завршена

Од:

Не е прв пат во процесот на усвојувањето на буџетот во Конгресот на САД, од каде што РФЕ/РЛ добива финансиската подршка, да се спомнува можноста за престанок на емитување на некоја јазична програма, вели Главниот Регионален Директор на Радио Слободна Европа, Ненад Пејиќ.

„Во согласност со финансиската криза и буџетскиот дефицит, во последниве години тој процес е се по комплициран. Буџетот за следната фискална година се наоѓа во Конгресот на САД и минува низ процес на усогласување. Тој е тежок, макотрпен и долго трае. Во овој момент не постои одлука за престанок на работата на било кој јазик на Радио Слободна Европа.

– Радио Слободна Европа е свесна дека подрачјето на Балканот, како и некои други подрачја во светот, не се на листата на приоритети на САД, но ,исто така, смета дека нашата мисија на Балканот не е завршена и Радио Слободна Европа сака да продолжи со емитувањето на програмата на јазиците на народите на Балканот и ќе стори се на корисниците на нашите содржини и натаму да им нуди информации за Балканот, регионот и светот на начин како и досега, според принципите на професионалното новинарство“, се вели во одговорот на Пејиќ, на пишувањата за укинување на Балкан Сервис.

Би можело да ве интересира

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

(ВИДЕО) Лавров исфрли новинар од салата: „Ако не го предадете телефонот, ќе го извадат оружјето“

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“