Партијата на Фијат Цаноски ги отфрли шпекулациите кои се појавија кај некои медиуми дека лидерот Цаноски го напушта Црвенковски.
„Би сакале да се произнесеме и истовремено да демантираме по повод текстовите кои излегоа во неколку медиуми дека ПЕИ преминува во ДУИ и ја напушта коалицијата со СДСМ. ПЕИ не ја напушта коалицијата со СДСМ и фронтот за МАКЕДОНИЈА.
Точно е дека изминатиов период имавме разговори со неколку политички партии од албанскиот блок каде во општините во кои ПЕИ го има поголемиот број на гласачко тело и во голем дел се директни конкуренти со албанските партии за некаков вид на можна соработка. Но таков договор или соработка досега немаме реализирано со ниту една политичка партија.
Ние остануваме во ФРОНТОТ ЗА МАКЕДОНИЈА кадешто во моментов сме и самите фокусирани да се овозможат демократски услови за функционирање на државава после случувањата на 24.12.2012, враќање на демократијата во Македонија, прочистување на избирачкиот список според препораките на ОБСЕ и меѓународната заедница, како и предвремени парламентарни избори заедно со локалните“, стои во соопштението на ПЕИ.