Педофил-талкач од Градско нападнал 13-годишно дете во неговиот двор

Од:

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против лице на возраст од 40 години од Прилеп поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 од Кривичниот законик.

– Осомничениот на 20.10.2020 година околу 20:00 часот, во дворот од семејната куќа на родителите на оштетеното дете во Градско, врз оштетеното дете кое имало 13 години извршил други полови дејствија, се вели во соопштението од ОЈО.

Од ОЈО, информираат, дека осомничениот нема постојано живеалиште и престојувалиште односно престојува кај свои роднини или пријатели во зависност од местото каде ќе биде повикан да работи, поради што и не се јавувал на поканите за негово испитување, а нема ниту постојано вработување.

– Овие околности укажуваат на опасноста од бегство поради што Основното јавно обвинителство Велес до Судија на претходна постапка на Основен суд Велес достави предлог за определување мерка притвор. Предлогот е прифатен и на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена, стои во соопштението до ОЈО.

Би можело да ве интересира

Во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Градско поради сообраќајка

Градоначалникот на Њујорк обвинет за сексуален напад

Делницата Велес – Градско затворена за сообраќај од 8:00 до 16:30 часот до 3 февруари

(ВИДЕО) ФБИ почна истрага: Моден магнат со години силувал млади мажи и им ветувал кариера

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Старец се допирал по гениталиите и фотографирал девојче во автобус на ЈСП