Во Истра, во Хрватска е уапсен словачки државјанин (63) под сомнение дека тајно снима голи деца со помош на очила со вградена камера.
Мажот е задржан откако службеник за обезбедување го затекна во туристичкиот објект, а полицијата кај него пронајде компромитирачки материјал.
Инцидентот се случи завчера околу 16:30 часот, кога службеник за обезбедување во туристички објект во Истра забележа Словак како тајно снима деца.
Тој го задржа лицето до пристигнување на полицијата, која спроведе истрага и пронајде материјал што го товари 63-годишниот маж за кривично дело искористување деца за порнографија.
По завршувањето на истрагата, вчера попладне, осомничениот е префрлен во притворската единица на Полициската управа на Истра со кривична пријава.
