Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Од:

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило други полови дејствија врз 16-годишно девојче.

Според ОЈО, на 18 овој месец, додека жртвата се движела по пешачката патека покрај реката Брегалница во Штип, осомничениот започнал да ја следи.

– Девојчето, чувствувајќи се непријатно, седнало на клупа, очекувајќи дека тој ќе продолжи да се движи. Но осомничениот седнал до неа и започнал да ја вознемирува и принудува на други полови дејствија. Оштетената исплашена го оттурнала од себе и избегала. Поради опасност од бегство, оправдан страв дека осомничениот ќе ги сокрие или уништи трагите на кривичното дело и дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз оштетената или дека ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, велат од Обвинителството.

Би можело да ве интересира

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он

Во штипската Клиничка болница донесено мртво новороденче, неговата мајка го родилa во двор