А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Педесетина земјоделци од кумановско аплицирале за ИПАРД 2 програмата

by А1он10/07/2017 - 14:00220
Share0

Земјоделците од поширокиот кумановски регион пројавуваат значителен интерес за користење на мерките од ИПАРД 2 програмата, информираa денеска од подрачната канцеларија на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.

Следете a1on на Instagram Instagram

Досега, од почетокот на рокот од 24 април, годинава аплицирале приближно педесетина земјоделци.

– Досега најголем процент од апликациите на земјоделците од кумановско се однесуваат за мерката за инвестиции во материјални средства за земјоделски стопанства, особено оние кои одгледуваат житни култури, а помал дел на земјоделци кои одгледуваат градинарски култури, изјави Џабир Рамадани, виш советник за полјоделство во регионалната канцеларија од Агенцијата за поттикнвање на развојот на земјоделството-Куманово.

Тој ги повика земјоделците да ги разгледаат можностите, да се одлучат и да аплицираат, а со тоа да го модернизираат производството и да станат поконкурентни на пазарот на трудот.

Следете a1on на Youtube YouTube

Според праксата од изминативе години, земјоделците од регионот, најмногу аплицираат кон средината и пред крајот на завршување на огласот, кој годинава беше пронолгиран до 21 јули.

– Не треба да се чекаат последните денови. Сите што се заинтересирани слободно можат да дојдат во подрачната канцеларија и да се инфромираат, апелираше Рамадани.

Финансиските средства од ИПАРД програмата 2014-2020 се наменети за инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства, инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи и диверзификација на фармите и развој на бизниси.

ipard 2kumanovo

Би можело да ве интересира

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

Горан Наумовски29/08/2026 - 19:42

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски21/08/2026 - 13:2221/08/2026 - 13:30

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Катерина Ѓуровски10/08/2026 - 14:45

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Горан Наумовски31/07/2026 - 11:13

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Горан Наумовски27/07/2026 - 15:57

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Катерина Ѓуровски21/07/2026 - 10:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео