А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Педесет и три годишен гостиварец осомничен за шверц на хероин

by А1он06/02/2015 - 14:21118
Share0

Секторот за недозволена трговија со дрога од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО Гостивар ќе поднесе кривична пријава против гостиварецот Л.Ф. (53), осомничен дека ги сторил кривичните  дела – “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.

Добивај вести на вибер

Како што сооптши МВР, кривичната пријава ќе следи по извршените претреси на дом и други простории на подрачјето на Гостивар, кај лицето Л.Ф. по налог на судија на претходна постака, бидејќи подолго време за него постоеле основи на сомневање дека е иволвиран во недозволена трговија со хероин и кокаин.

При извршените претреси на местото на настанот затекнати се шест лица како уживаат наркотична дрога,  при што тие се лишени од слобода и запленети се околу 20 грама хероин и една автоматска пушка. Исто така, пронајдени се поголем број предмети за кои постои основано соменение дека потекнуваат од кражби, кои во залог за замена за дрога му биле давани  на Л.Ф.

– Пријавениот на почетокот на месецов од непознато лице од Гостивар набавил наркотична дрога хeроин со засега неутврдена количина и цена со намера во неговиот  стан  да ја препакува во помали пакувања и да ја препродава на лица уживатели на наркотична дрога хероин од Гостивар, со цел да се стекне со противправна имотна корист, се вели во соопштението.

По наредба на судија на претходна постапка од страна на полициски службеници извршени се претреси на дом и други простории во сопственост на таткото на пријавениот во Гостивар како и во викенд куќа во с.Форино. Л.Ф. подолго време е инволвиран во недозволена трговија и продажба на хероин на нарко-зависници на кои им продавал и им овозможувал уживање во еден од двата стана кои ги поседувал на наведената адреса.

Од извршените претреси на наведените локации во викенд куќата во с. Форино  пронајдена е една автоматска пушка без дозвола за поседување, одземена од неговиот татко, додека во становите пронајдени се една црна машка чорапа, во чија внатрешност имало: една полиетиленска кеса со непозната прашкаста материја кафеава боја,118 мали парчиња од најлонски кеси, исечени во форма на кругови и 15 мали парчиња од најлонски кеси, исечени во форма на квадрати со жолта боја. (се користат за пакување дози од наркотична дрога), еден мобилен телефон, марка нокиа со две сим картички и парични средства, една најлонска кеса од цигари со седум паковки со непозната прашкаста материја; и една  најлонска кеса исто од цигари  со две жолти паковки со непозната прашкаста материја, две нагорени алуминиумски фолии со видливи траги од нагорена непозната материја, една алуминиумска фолија во вид на цевка и една помала алуминиумска фолија во вид на цевка.

Одземените предмети се предадени до Одделот за криминалистичко – технички испитувања и вештачења при МВР, заради натамошно вештачење. По извршено вештачење утврдено е дека се работи за хероин со тежина од 18,6 грама.

Против лицето и претходно се преземани мерки и активности така што кон крајот на јануари годинава се извршени претреси и од страна на Полициската станица Гостивар и на лице место исто така се затекнати лица уживатели на дрога за што дополнително ќе следи посебна кривична пријава.

drogamvr

Би можело да ве интересира

МВР на поклон доби 23 мотоцикли „Piggio“ и комплетна опрема за возачите

Горан Наумовски10/09/2025 - 11:29

МВР ќе ги информира граѓаните за новите правила при патување во ЕУ за да нема застои на премините

Катерина Ѓуровски09/09/2025 - 11:11

Шкотска е престолнина на смртта во Европа седма година по ред – синтетичките дроги уништуваат сè

А1он06/09/2025 - 19:28

МВР уапси три лица барани со потерници за издржување затворски казни

Горан Наумовски03/09/2025 - 11:52

(ВИДЕО) Објавена е снимка од американскиот напад врз венецуелски брод кој превезува дрога, загинаа 11 лица

Горан Наумовски03/09/2025 - 09:15

Истрага за дилер од Гевгелија, кај него се најдени 100 најлонски зипер ќесички наркотична дрога

Горан Наумовски01/09/2025 - 19:00
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен