ВМРО-ДПМНЕ не е против изградба на клинички центар, туку е против мега криминалот кој го подготвува најкорумпираната власт на Заев. Имено власта на Заев после 4 години одлагања и шетања на проектот нов Клинички центар, сака со 30-тина страни физибилити студија да потроши над 500 милиони евра, повторувам над 500 милиони евра за изградба на клинички центар рече на прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков.
„Овој проект е безмалку идентичен со тој во Белград и според површината и според бројот на болнички легла и според бројот на болнички соби и операциони сали, Но има една голема разлика. Во Србија ваквиот проект за изградба и опремување чини 125 милиони евра, а кај нас тој е проектиран на над 500 милиони евра. Велам проектиран, затоа што во трошоците не се пресметани геолошки испитувања, сообраќајни решенија, поврзување со водоводна, канализациона, телекомуникациска и гасна мрежа. Тоа говори дека овој проект може да стане и поскап за дополнителни десетици милиони евра“ – рече Пецаков.