Пазар под отворено небо

Од:

Залади времево, а со него и односите помеѓу некои доверителски, партнерски, партиски или просто кажано човечки односи, сепак сите се дел од некоја партиска машинерија. Деновиве, гледам, читам и слушам како луѓето разговараат и ги примаат последниве случувања кај нас, поврзани со албанските знамињата, нормално и јас како нив почнувам да размислувам и да се прашувам кој е овде луд?

Па чекајте малку, не може никој да не е луд мора некој да е луд, добро најверојатно тој луд сум јас самиот, зошто јас размислувам за нив, а тие размислуваат за знамињата. И сега во тек се следни избори, истите тие луѓе што си го трошат времето преку ден по кафани а навечер за вести и турски серии ќе го дадат својот глас за тој што дозволи РМ да дојде до овој степен на ,,демократизација,, , односно луѓето кој на ова викаат – па добро мораше ова да се случи, не е добро ама не е ни лошо, имало и полошо, е да имало и полошо али тогаш пријатели Македонија била пет века под ропство – не викам дека немало.

Кога ова би го направила левицата во Македонија, десницата сегашна која што е составена од левицата, заедно со своите мислители кој се дефинирани десничари од секогаш, без разлика што управителот на бродот им е левичар, би станале и би побарале левицата да биде осудена на затвор од 1000 години без можност на жалба на истата пресуда, која се разбира ќе биде донесена со заштитен сведок.

Ако не ме лаже меморијата сопственикот на А1 телевизија со неговата фамилија добија 109 години затворска казна, со што левицава може комотно да си ја добие оваа казна, за кривично дело пуштање во оптек албански знамиња на територијата на РМ. Интересен е фактот што на се ова Премиерот на РМ за знамето во Кичево високо 35 метри ќе каже, дека тоа треба да се провери дали е во согласнот со Рамковниот договор па да даде отчет пред новинарите, како одговор на граѓаните, за од друга страна министерот на полицијата Гордана Јанкуловска да каже дека не е запознаена со ставање на некакво албанско знаме од 35 метри на територијата на РМ односно Кичево.

Закључок: имаме премиер кој не го знае Рамковниот и министер на полиција кој што нема дојави? – тука нешто не е во ред. Јас како личност се чуствувам дека живеам во земја каде што полицијата ги добива дојавите за тоа што и се случува на својата територија преку медиумите, што станува за безбедноста на обичниот човек?. И тоа не сега во неколку наврати докажано дека полиција неспретно ја обавува својата должност, случај со трагичен смртен завршеток на плоштадот на РМ за време на митинг на владеачката партија каде што полицијата скоро недела дена потклекнува поради тој случај, случајот со Смилковското езеро каде што таму дефинитивно Јанкуловска го губи својот интегритет за прв човек на полицијата.

За возврат имаме многу подготвена полиција која е уште поподготвена да работи против своите неистомисленици. Најсвеж е примерот со поранешниот министер за внатрешни работи, за кој експресно се собраа докази и го уапсија и тоа со снимање на некои телевизиски медиуми, тука спаѓа се разбира и сопственикот на А1 телевизија и ред други луѓе кој експресно се елиминираат од политичката сцена во РМ, така да ,,може,, и не сум во право кога зборам дека полицијата не ни е подготвена да одговори на својте предизивици.

Преку ноќ се сменија имиња на училишта во центарот на градот Скопје, никој ништо не кажа, министерството за одбрана положи венец на паднатите борци на УЧК – секоја чест, се вејат албански знамиња низ цела држава, се поставуваат огромни споменици на паднатите генерали на УЧК во конфликотот 2001та година, просто им се восхитувам на плочата кај Карпалак место на кое погинаа Македонски бранители, колку е ,,забележлива,, и високо крената како воинот на коњ во центарот на градот, кој што ја нема никаков висок функционер посетено до сега, амнестирани хашките случаеви и што уште не…. Каде функционира правото и полицијата? – Таму каде што власта сака, само на тие места функционира правото.

Аукцијата за продажбата на РМ почна, аукцинериите почнаа со своите надавања, еве ги ДУИ почнаа, пред се да им посакам се најубаво и да им го честитам празникот по повод знамето и секоја чест, од планина и пушка во рака стигнаа до премиерско место во државава, тоа е за почит како народ како борци, нивниот лидер е со својот народ, гордо ги брани нивните интереси и се залага за тие интереси лично тој самиот, да обележаа територии кој што не само ДУИ туку целиот албански блок стои зад тоа дека нема откажување од тоа.

Добро за гласачите на ВМРО, ќе им се каже дека тие знамиња се ставени за прослава и дека со тек на време од топло ладно ќе се распаднат и толку од тие знамиња, но сепак реалноста и вистината е друга. Пазарот веќе не го прават зад затворени врати пазарот се прави под отворено небо – ако сака ВМРО уште еден мандат а сака, после победата на следните избори ќе ја подели Македонија на албанска и македонска а вие патриоти во меѓувреме размислувајте за името што да се договориме со кумовите од другава страна – Грците.

Каков ќе биде крајот на овој пазар не можеме да знаеме али дефинитивно исходот нема да биде позитивен за овој напатен народ, Албанците бараат, Грците бараат, а нашата владата секогаш дава, тогаш за каков исход да разговараме. Оваа гарнитура на власт може и комплет како нација и народ да не даде за уште еден мандат власт. Жалосно е што битката се води поради сопствени интереси во РМ а не поради државните интереси, така што мое мислење е дека оваа битка ќе биде Никола Груевски – Бранко Црвенковски. Нема да постојат повеќе двете имиња заедно на политичката сцена, еден ќе си оди, ако тој еден е Бранко тогаш СДСМ тешко дека во блиска иднина би се вратила на власт. Ако тој еден е Никола тогаш тешко дека ова ВМРО ќе остане ВМРО, во тој случај Груевски ја губи власта но ја губи и партијата. Така да во оваа битка ќе нема време да се размислува за РМ. Македонија и народот во нејзе нека се спремаат за ново име и нови територии, сепак натпреварот е почнат нека им е со среќа на натпреварувачите, а на нас народот Господ нека ни е напомош….

Додека битката се одвива под отоврено небо без потреба за пренос од медимуми, сепак политката ни ја наметнаа и во јавниот превоз, училиштата па дури и на пешачките премини, ако си за партијата на власт можеш на црвено да претрчаш, ти си ослободен од плаќање на било каква парична казна. Сакам да напоменам и да ја известам партијата на власт дека народот надвор на улици гладува, народот веќе не преживува туку гладува, нардот веќе не се смее, се смее само тој што е дел од оваа гарнитура бидејќи тој зема каква таква палата, ама кога ќе излезе од работното место веќе ни тие луѓе не се смеат зошто сфаќаат дека ја губат својата татковина, го чустуваат предаството ја гледаат тагата во очите на обичниот човек кој има деца и ги сака повеќе од било што на овој свет, а неможе да им поклони играчка а не па здраво, среќно детство и образование.

Мене лично не ми е битна партијата на власт сега или таа што ќе дојде, мене ми е битен народот, ако народот гладува и е несреќен и назадоволен што ми менува кој ќе ги лапа парите од тендерите.Но народот секогаш казнува, тоа не треба да го забораваат политичарите, таков е народот односно човекот. Имаат пари за коли од по пола милион евра, имаат по милијарда евра за споменици и згради, имаат куќи со по три ката, имаат по пет стана, имаат скапо образование, децата им одат на одмори секаде по светот, возат приватни возила по педест илјади евра, додека некој нема пари за леб,на некој му треба соба а овие имаат по 10 соби, некој фрла јадење а некој неможе да се прехрани, парното поскапе, струјата, храната, водата, но за жал овие на власт тоа не го чувствуваат.

А како да о почувствуваат кога седум години живеат на грбот на народот – платен превоз и службено возило, платена храна и спиење во цел свет, одмори платени, телефони платени, па како да почувсвуваат, тие уште веруваат дека со 100 евра се тера месец како што беше пред 7 години, не убедуваат дека невработеноста е драстично намалена, а ја познавам еден тон млади луѓе како мене кои се невработени поради тоа што се без политичка книшка. И да, никогаш нема ни да ја извадам, нема да робувам на општеството како политички глас, некоја партија да ме гледа како глас повеќе или глас помалку.

Сакам да живеам во татковина во која политиката ќе биде поле за културен натпревар помеѓу политичарите а не ширење на омраза, сакам политичарите кои што ќе ја водат мојата татковина во поврат или неповрат да излезат на тв дуел, сакам демократијата и државните институции и закони да важат подеднакво за сите, сакам самите полицајци и граѓани да ги знаат своите човекови права. Не може и не смее ниедно полициско службено лице ни алфа да претресе било кој човек без налог за негов претрес, единствено што смее е да го легитимира, за тоа би сакал наредната средба да си пишеме, а до тогаш размислете вие што сакате од вашата татковина и вашите политичари – драги читатели…

 

Даниел Пауновски

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска