Пауза на рочиштето за „Трезор“ за Судот да ја достави одлуката од атинскиот Врховен суд до Обвинителството

Од:

Адвокатот на Горан Грујевски, Петар Василев на денешното рочиште за случајот „Трезор“ до Судот ја достави одлуката од Врховниот суд во Атина во однос на барањето за екстрадиција на Грујевски, примена од адвокатскиот тим од Грција.

– Одлуката гласи дека се одбива барањето за екстрадиција на Горан Грујевски и неговата жалба ја прифаќа и формално и фактички и го ослободува од притвор, доколку не се гони за друго дело. Тој е ослободен на 18 мај во попладневните часови и од тогаш до сега се наоѓа во Грција со статус на барател на азил. Неформално во однос на барањето за азил знам дека има одржано едно интервју и дека е закажано второ интервју. Не сум конкретно запознаен со постапката и не можам да дадам конкретни информации, рече Василев пред Судот.

Судијката Џенета Бектовиќ даде пауза до 11 часот за одлуката да биде доставена до Обвинителството.

На денешното рочиште присутни се поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и поранешниот помошник-министер во МВР Небојша Стајковиќ, кои се дел од обвинетите во овој случај.

Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања и предизвикување штета на Буџетот во висина од 862.045 евра за набавката на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.

Би можело да ве интересира

Шврговски: Судот донесе законита и правична одлука за „Трезор“

Горан Наумовски

Ослободителна пресуда за Мијалков и Јакимовски за „Трезор“

Анита Петровска Рајковиќ

Во Кривичен пресуда за Трезор

Се менува кривичното дело за ,,Трезор”, Мијалков добива послабо обвинение

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски