ВИДЕО: Патот кон скопското село Бродец претворен во лизгалница

Од:

Патот кон скопското село Бродец претворено во огромна лизгалница, по минусните температури од ноќеска и снегот кој врнеше изминатите денови. Натапкан снег и замрзнат асфалт затекнаа возачите кои патува кон селото.

Со автомобил може да се стигне само до местото викано „Две реки“. Селото Бродец се наоѓа во близина на Скопска Црна Гора.

Меѓу возачите има и такви кои и покрај неисчистениот пат, решиле да одат кон селото Бродец. Тие, застануваат на патот и местат ланци, за да можат да продолжат до возење. Дел од нив се и со летни гуми.

Застој се прави поради тоа што патот е тесен, а кога некој од возачите кои без ланци се обидува да продолжи со возење и заглавува, повторно застанува за да ги намести. До овој момент, на патот нема возило за расфрлање на сол.

За време на викендот, голем дел скопјани го користат снежното време за санкање на Скопска Црна Гора.

Би можело да ве интересира

Воведена забрана за камиони на Стража

Слаб снег провејува на Попова Шапка, Маврово и на Стража, магла до 50 метри има на Плетвар

Снегот заглави неколку лица во реонот на Општина Студеничани

Горан Наумовски

Специјално возило испратено да ги извлече возилата заглавени кај Леуново и Никифорово

Конвој од 25 возила со мали деца и трудници уште е заглавен на патот од Леуново кон Бунец

Катерина Ѓуровски

Забарана за тешки товарни возила на два патни правци