Гостиварец сакал да изнесе 100.000 евра преку Богородица: Цариниците му осативле 2.000

Од:

Инспектори од мобилните тимови при Царинската управа, на граничниот премин Богородица запленија 98.000 евра од македонски државјанин кој се обидел нелегално да ги изнесе од државата.

„На 26.07.2023 година околу 21 часот на излез од државата се пријавил автобус со турски регистарски ознаки кој сообраќал на редовна линија Гостивар – Истанбул. При контрола на автобусот и патниците, во лична ташна на еден од патниците царинските инспектори откриле непријавени 4 пакувања обвиткани со црн најлон и селотејп трака во кои се наоѓале вкупно 100.000 евра“, соопштија од Царинската управа.

Согласно Законот за девизно работење, на патникот вратени му се 2.000 евра – износ што резидент може да го изнесе без да го пријави, а останатите 98.000 евра се привремено одземени.

Против лицето е поднесена соодветна пријава до надлежниот Основен суд.

Би можело да ве интересира

Лишен од слобода “бајач” од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

На „Богородица“ и „Табановце“ се чека од 20 до 30 минути

Македонски државјанин „падна“ во Црна Гора, осомничен е за перење пари

Лажен доктор од скопјанка зема 20.000 евра, полицијата трага по измамникот

На „Богородица“ се чека околу 30 минути

Николовски: Царината за пет месеци поднесе 85 кривични пријави