Партиските лидери на нова средба за излез од кризата

Од:

Лидерите на четирите најголеми партии во Македонија Никола Груевски од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев од СДСМ, Али Ахмети од ДУИ и Медуха Тачи се очекува денеска во Скопје да ја одржат втората средба за изнаоѓање решение за излез од политичката криза во земјата.

Како и во четвртокот, како набљудувачи и овој пат се очекува на средбата да присуствуваат амбасадорите на САД и на ЕУ Џес Бејли и Аиво Орав.

Утре, пак, лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Груевски и на СДСМ Заев треба да имаат средба во Стразбур во Европскиот парламент.

Во меѓувреме, вчера СДСМ поддржана од коалициските партнери и невладини организации одржа протест за оставка на Владата, а нејзини активисти останаа пред Владата, додека владејачката ВМРО-ДПМНЕ и нејзините поддржувачи вечерва пред Собранието одржуваат собир под мотото „Македонија силна“.

Би можело да ве интересира

Апасиев нема да оди на лидерска: Ден на жалост заради двојното убиство, не средба за датум за избори

А1он

(ВИДЕО) Рокот за договор помеѓу Владата и ВМРО-ДПМНЕ е до првото гласање за отворање на Уставот

A1on

Започна лидерската средба помеѓу Ковачевски и Мицкоски

Ана Ололовска

Средба на Ковачевски и Мицкоски за уставните измени

Ана Ололовска

Следната недела средба меѓу Ковачевски и Мицкоски

Ана Ололовска

Мицкоски за евентуална лидерска: Премиерот да биде свесен за времето, непоминувањето на измените, ќе значи пад на владата

Ана Ололовска