Партиската книшка за Катица Јанева е фалсификат

Од:

Наводната партиска книшка на Катица Јанева која ја објавија дел од медиумите блиски до власта е фалсификат. Тоа е одговорот до кој стигна А1он откако испита дали има вистина во тврдењата дека специјалната јавна обвинителка има партиска книшка на СДСМ како што објави „Дневник“.

Партиската книшка која ја прикажа „Дневник“ е сосема нова што е неверојатно за документ изваден пред 12 години како што тврдат од медиумот. Очигледно е дека книшката е направена со фотомонтажа на кој се ставените датумот на раѓање на Јанева како и потписот на Бранко Црвенковски кој може да се пронајде на многу документи.

Дополнително, партиски извори за А1он тврдат дека се работи за ноторна лага.

– Власта измислува и креира партиски книшки, само да го одвлече внианието од нивниот криминал како и истрагите кои се водат против високите функционери во текот на овој месец, велат извори од партијата за А1он.

Уште еден факт кој говори дека се работи за фотомонтажа е дека Катица Јанева во 2004 година кога наводно е извадена партиската книшка, била обвинител и според законот не можела ниту да извади партиска книшка ниту пак да стане партиски член. Јанева е на удар на власта уште од нејзиното поставување на функцијата, а најмногу дека работи за СДСМ зошто постапувала само против членови на ВМРО-ДПМНЕ, кои се на власт десет години и за кој период се однесуваат снимените материјали по кои постапува СЈО. Токму како за снимката која се појави по таканареченото интервју со Диме Спасов сега се вади и фалсификат за да се убеди јавноста во партиската припадност на Јанева и како поткрепа за тврдењата на власта.

Би можело да ве интересира

Катица Јанева против Боки 13, денеска во Кривичен

Ана Ололовска

Јанева: Наредната седмица нови обвинителни акти на СЈО

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ: Катица Јанева е избрана за Специјален јавен обвинител да работи непристрасно и професионално

Наум Локоски

Јанева: Ги охрабруваме граѓаните да соработуваат со нас

Наум Локоски

СЈО откри 66 909 избиршани фајлови, Заев бил незаконски прислушуван

Предраг Петровиќ

Одложена седницата на која требаше да се разговара за однесувањето на Јанева и Фетаи

А1он