Партијата на Јанко Бачев со иницијатива за повлекување на одлуката за признавање на Косово

Од:

Единствена Македонија, денес во Владата поднесе Иницијатива за донесување на Одлука за повлекување на Одлуката за признавање на Косово што ја донесе македонската влада на 9 октомври 2008.

– Собранието на Република Македонија на седницата одржана на 9 октомври 2008 година донесе Резолуција за односите на Република Македонија со Косово („Службен весник на Република Македонија“ број 128/2008) со која и препорачува на Владата на Република Македонија да ги преземе сите неопходни активности за воспоставување на целосни дипломатски односи со Косово и признавање на Косово.
Истиот ден, 9 октомври 2008 година, Владата на Република Македонија донесе Одлука за признавање на Косово. Причините за донесувањето на собраниската резолуција и одлуката на владата се сведуваат на тоа дека се следат државните и националните интереси на Република Македонија, продолжува унапредувањето на соработката со Косово во сите области од взаемен интерес, подржување на планот на специјалниот пратеник на генералниот секретар на ООН, како рамка на мултиетничко и демократско Косово, кое ќе се потпира врз принципите на демократија, владеењето на правото, гарантирање на граѓанските права и на правата на малцинските заедници како и нивно учество и ефективна партиципација во институциите на Косово, рече претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев.

Тој додаде дека Косов не знае да го цени и почитува овој чекор од Република Македонија.

– Пред три дена, на 20 април 2018, косовскиот министер за надворешни работи, Беџет Пацоли, во рамките на официјалната посета на Бугарија рече дека Македонците што живеат во областа Гора на Косово се бугарско малцинство и дека во разговорите со бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева било допрено прашањето на Бугарите во Косово. На тој начин, од компетентно и релевантно место дојде официјална потврда дека Косово ќе ја менува вистината и историјата на Македонците на Косово со спроведување на геноцидна и асимилаторска политика спрема Македонците спротивно на општото меѓународно право и правото на ООН, рече Бачев.

Тој Косово го нарече виртуелна држава и рече дека покажале непочитување на чувствата на Македонците таму, кои, како што кажа, биле, се, и ќе останат чистокрвни Македонци и кои својата нераскинлива врска со матичната македонска држава ја изразуваат и со поседувањето на македонско државјанство.

– Со чинот на непризнавањето на Македонците, Косово се движи со голем чекор во минатото и покажува дека местото што го бара за себе во меѓународните односи не одговара на неговите цивилизациски вредности. Владата на Република Македонија со натамошното опстојување на одлуката за признавање на Косово постапува спротивно на националните и државните интереси на Република Македонија.
Затоа, Единствена Македонија бара Владата на Република Македонија да ја повлече Одлуката за признавање на Косово, со што ќе ја изрази својата намера дека го следи државниот и национален интерес на македонскиот народ и македонската држава. Во спротивно, првиот чекор на новата легална власт на Единствена Македонија ќе биде повлекување на одлуката за признавање на Косово, рече Бачев.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски