Партиите го донесоа законот, пратениците можат само да го изгласаат

Од:

Не беше прифатен предлог на пратеникот Павле Трајанов во законот за специјално јавно обвинителство да се вметне одредба за сакнции која ќе предвидува од три до петгодишна казна затвор за лице кое ќе ја попречува работата на специјалниот јавен обвинител. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, во име на предлагачите го одби амандманот, што ги испровоцира независните пратеници да обвинат дека законот се носи нетранспарентно и со меѓупартиски договор.

-Потребно е да има превентивни одредби кои ќе ги обрзуваат носителите на јавни функции да постапуваат по барањата на јавниот обвинител. Само еден член кој ќе овозможи брзо водење на кривичната постапка. Тој што ќе достави лажни податоци да се казни со затворска казна од три години, а на службено лице да му престои затворска казна од пет години – предложи Трајанов.

Димовски не дозволи промена на текстот на законот.

-Макотрпно е усогласуван, а суштината ја имаме во други закони кои предвидуваат казни за погрешно информирање или непостапување по наредба или одлука – реплицираше тој.

Независната пратеничка, Солза Грчева, ги обвини поголемите партии дека нетранспарентно ги носат одлуките кои ја решаваат субината на целата нација.

-Велите дека договорот е постигнат консензуално. Знате колку има неопределени гласачи во Македонија? Ги носите одлуките во нетранспарентен и неинклузивен процес. Вие сте си решиле се како во масонска ложа. Народот не е консултиран, а пратениците го добиваат законот неколку минути пред да влезат во Собрание. Поштур закон до сега кај мене не стигнал. Законот за сообраќај беше посериозен. Цело време не знаевме што се случува, а денес по итна постапка гласаме закон со многу спорни одредби. Денес демократијата во Собрание е извулгаризирана, четири партии дадоа четири наредби – порача Грчева.

Антонио Милошоски, од ВМРО-ДПМНЕ, на замерките на независните пратеници, реплицираше дека предлог-законот предвидува се што не е регулирано со него, да се регулира со Законот за јавни обвинители.

Продолжуваат расправите на собраниските комисии по овој закон, а по законодавно правната комисија која е во тек, следува гласањето на пленарна седница.

Во меѓувреме ДПА јавно се изјаснија дека го поддржуваат законот и предлогот за специјален јавен обвинител.

-Ова е добар почеток за тоа што ќе следи, а за што имаме добиено поддршка од меѓународниот фактор. Приоритет на ДПА во процесот е организирање на слободни и демократски избори. Нашиот потпис се должи на силната гаранција на меѓународниот фактор за фер и демократски избори – изјави Имер Алиу.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Донации од 200, 500, 1000 денари: Ванковска кажа колку пари легнуваат на наменската сметка за изборите

Граѓаните преку Буџетот донираат во секоја партија без разлика за која гласаат: Ревизорите ги објавија приходите и расходите на 42 партии

A1on

Финансирањето на телевизиите со државни пари ги сплоти СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ: „Законот за поткуп на медиуми“ќе се носи по скратена постапка

A1on

Организаторите на пучот во Германија купувале оружје и во Хрватска

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Николоски: Бараме формулација за македонски јазик без изјави и дообјаснувања

A1on

Молк од Горан Милевски за модифицираниот француски предлог

A1on