„Оштетени, искршени и откорнати клупи, расфрлени во зеленилото во парк Мкедонија, е сликата која утрово нашите екипи ја затекнаа во паркот“, велат од ЈП Паркови и зеленило Скопје.
„За жал вакви гледки на уништена парковска опрема се сé почеста појава во градот. Упатуваме осуда кон ваквото вандалско уништување на поставената урбана опрема низ зеленилото и апелираме истата да се чува како општо јавно добро за сите посетители“, се додава во соопштението на ЈП Паркови и зеленило Скопје.