Параглајдерист паднал на карпест и недостапен терен на Галичица, евакуиран од екипа на Планинската служба за спасување

Од:

Екипа на Планинската спасителна служба со седиште во Охрид изврши евакуација на параглајдерист од Германија кој од неутврдени причини паднал од поголема височина на исклучително непристапен и карпест терен на падините на планината Галичица.

Како што соопштуваат од Службата, тие попладнето околу 18:30 часот примиле повик од група параглајдеристи кои ги информирале за незгодата и побарале помош.

Во тој момент тројца спасители на ПСС се наоѓале во планинарската куќа „Спиридон“, каде е лоцирана и спасителната станица на Службата, со специјализирана техничка опрема за интервенции во таков регион.

Веднаш по дојавата, екипата за само 15 минути стигнала до местото на несреќата, извршила имобилизација на повредениот, по што отпочнал комплексен транспорт на повредениот по стрмен и тежок терен. Дополнителна отежнувачка околност било што активностите се одвивале во ноќни услови.

„По повеќе од еден час напорна интервенција, во 20:20 часот, повредениот беше безбедно спуштен до асфалтниот пат кај превојот Баба, каде беше предаден на екипа на Итната медицинска помош од Охрид. Од таму, тој веднаш беше пренесен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“, каде, за жал, му беа констатирани фрактури на пет пршлени во долниот дел на рбетот“, информираат од Планинската спасителна служба.

Од нив повторно апел до сите посетители на планината за претпазливост и одговорно уживање во преубавиот есенски амбиент на Галичица.

Би можело да ве интересира

Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

Спасен е параглајдеристот кој висеше закачен на дрво високо 30 метри во близина на Крушево

Горан Наумовски

Спасувачка акција во Крушево: Параглајдерист се закачил на 30 метра високо дрво, од ударот се повредил

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Параглајдеристот кој имаше несреќа во Крушево заминува дома

Охриѓанец палел оган на Галичица – рекол дека е бездомник и сакал да се стопли

A1on

Пожарот на Галичица е под контрола, на терен се 100 пожарникари

Катерина Ѓуровски