Папата на 7-ми мај доаѓа во Скопје

Од:

Канцеларијата за печат при Светиот Престол во Ватикан, денеска, ја објави програмата за посетата на Папата Франциск во Северна Македонија.

Предвидено е утрото на 7 мај Папата да пристигне во Македонија, а по официјалниот пречек, тој д а ја оствари и првата средба и тоа со претседателот Ѓорге Иванов. Покрај средбата со Иванов Папата ќе се сретне и со премиерот Зоран Заев, како и со претставници на граѓанското општество и дипломатскиот кор.

За време на својот престој во земјава, Папата Франциск ќе се сретне со верските лидери и со сиромашни лица.

„Во програмата за апостолското патување на Папата Франциск во Северна Македонија предвидено е Светиот Отец да служи света Литургија, а потоа да присуствува на екуменска и меѓурелигиска средба со млади.

Светиот Отец, своето 29-то апостолско патување ќе го заврши во попладневните часови на 7 мај, одржувајќи средба со свештениците, нивните семејства и богопосветените лица, а потоа ќе се врати во Рим.

Претходно Светиот Отец ќе ја посети Република Бугарија и градовите Софија и Раковски“, се вели во соопштението на  Влада.

 

Би можело да ве интересира

Собранието гласаше возачките дозволи со ознаката „Република Македонија“ да важат до крајот на годината

Предраг Петровиќ

Грчкото МНР ги известува земјите низ светот дека непроменетите македонски пасоши стануваат неважечки

А1он

Тајно снимен разговор меѓу папата Франциск и кардинал, објавен транскрипт

Горан Наумовски

Да се укине гасот за државите кои забранија прелет на авионот на Лавров

Албанската опозиција: Поволната бизнис клима во Северна Македонија ги привлече албанските инвестиции

А1он

Сасоли: Одам во Албанија за да ја потврдам силната поддршка за започнување разговори за пристап со Албанија и Северна Македонија