Паника – На чело на ДПМНЕ е последниот транзициски политичар во Македонија

Од:

Денес од „генијалците“ во раководството на Министерството за внатрешни работи рабрав дека постоела функција претседавач на Управен одбор. Значи не било претседател, туку претседавач. Имено за да објаснат зошто случајот против претседавачот на Советот на Општина Центар, Мирослав Шиповиќ, го водат под името „Претседавач“, МВР во официјално соопштение се вади и се препелка дека тоа се однесувало на позицијата на Шиповиќ како „претседавач на Управен одбор во Машинопромет“. Веројатно според овие „генијалци“ постои и претседавач на синдикат, претседавач на Влада или можеби зошто да не претседавач на држава.

Дополнително „генијалците“ сами кажаа дека истрагата против Шиповиќ ја воделе долг временски период и не била политички мотивирана. Шиповиќ е претседавач на Советот на Општина Центар едвај четири месеци, додека делото за кое го сомничат е од 2010 година. Имајќи го во предвид оперативното име на истрагата, апсолутно се докажува дека истрагата е политички мотивирана

Ова е само уште еден показател дека со нашата држава, а особено со МВР (вистинското раководство на МВР), раководат уличарски структури од 80-те и 90-те години на минатиот век, кои не баш многу милуваа да седат на часови, бидејќи беа зафатени со делење на гратиси за во диско. Да имаа малку, само малку повеќе ајде ќе кажам осет за да не кажам некој потежок збор, многу попаметно можеа да ја одиграат целата ситуација. Вака се е јасно уште на самиот старт.

И ова не е ново. „Генијалците“ покрај тоа што открија функција „претседавач на Управен одбор“, претходно открија дека сме повеќе Антички Македонци отколку Словени, дека барокот е традиција во Македонија, дека имаме братучеди Хунзи или дека Тодор Александров е еден од најголемите дејци за независност на македонската нација. Веројатно за да украдат уште некое милионче евра, ќе измислат и дека Нил Армстронг имал македонски корени и ќе изградат космодром, веднаш до нуклеарната централа на Вице – Премиерот Пешевски. Македонија денес веројатно ќе беше многу поубаво место за жувеење доколку овие луѓе само малку повеќе внимавале на часови во средно училиште. Нејсе.

Ајде малку да се осврнам и на тоа што ни покажуваат овие нервозни реакции на Груевски околу Општина Центар? Прво, никогаш нема да престане да се фрустрира што катастрофално изгуби во Центар. И со Пустец и со братучед му Мијалков директно на терен и џабе му беше. Второ, ревизијата на Скопје 2014 покажа сериозен и масовен криминал, така што и новиот затвор што почна да се гради во Идризиво нема да биде доволен да ги прими сите „Претседавачи“ на влади, министерства, општини и разно разни комисии кога ќе има сериозна официјална истрага за овој проект. Затоа Груевски е во паника и ќе направи се само за да ја блокира работата на општината и си купи уште малку време за прикривање на доказите. Трето, дека кога „генијалците“ го губат тлото под нозете и знаат дека се ближи крајот. Не знаат да се снајдат и упаѓаат од грешка во грешка. Истото им се случи и помеѓу првиот и третиот круг на локалните избори во Центар. Најголемите грешки и глупости ги направија токму во овој период, што доведе до нивен катастрофален пораз во третиот круг. Се ова што го прават во последните неколку месеци на национално ниво многу ми личи на ситуацијата во Центар за локалните избори. Ништо не научија од минатиот пат, па изгледа ќе треба да им ја повториме лекцијата.

На некој начин можеби и ги разбирам нивните реакции. Опозицијата веќе на анкети силно им дише во врат. На чело на ДПМНЕ е последниот транзициски политичар во Македонија. Црната кампања веќе не им функционира. Владејачката коалиција е на стаклени нозе. Долговите од силното задолжување со кредити и обврзници доспеваат. СДСМ им понуди алтернатива на граѓаните во која имаат доверба. Паниката почнува силно да ги обзема. Сигналот за узбуна на Илинденска бр.2 е вклучен.

Дамјан Манчевски, Потпретседател на СДСМ

 

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска