Пакетите за трансфер во приватниот сектор отворена опција за намалување на администрацијата

Од:

Процесот на реорганизација и оптимизација на органите на државната управа, агенциите и инспекциските служби ќе продолжи, а отворена опција за намалување на вработените во јавниот сектор се пакетите за трансфер на овие вработени во приватен сектор, рече денеска на прес-конференција новиот министер за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири.

Ќе се елиминира, укажа, преклопување на надлежности меѓу институциите. -Ќе има јасен план за спојување и укинување на постоечки институции или за нови институции неопходни согласно процесот за преговори членство во ЕУ. Со оглед на фактот што кај голем дел од институциите е детектирано преклопување на надлежностите бројот на вработени во јавниот сектор ќе се намали, наведе Шаќири и истакна дека како отворена опција за намалување на вработените во јавниот сектор се пакетите за трансфер во приватниот сектор.

Според него, трансферот на вработени од јавниот во приватен сектор е дел од воведување добра професионална активна и ефикасна реорганизирана администрација. Со редуцирање на работната сила во јавниот сектор, тврди, нема да се оштетат вработените, а бенефит ќе има приватниот сектор каде што има недостиг на вработени.

За планираното распоредување и реорганизација ќе се формираат работни групи составени од професионалци, членови на академската заедница и претставници на Владата.

-Соработката на овој начин на највисоко експертско и политичко ниво е неопходна со цел промените кои ќе ги претрпи јавната администрација да се целосно оправдани на долг рок, поткрепени со силни аргументи и секако во служба на вработените и граѓаните на РСМ. Продолжуваме со професионализација на високите раководни структури преку обезбедување на јавно разграничување меѓу политичко и професонално ниво на администрацијата, согласно стратегијата за реформа на јавната администрација 2018/ 2022 со акциски план и политика за внатрешна контрола на јавниот сектор 2019/2021 и со акциски план, рече Шаќири.

Тоа, појасни, ќе се направи со транспарентни и конкурентни постапки засновани на заслуги за избор и престанок на работа на високите раководители од јавниот сектор.

Одговарајќи на новинарски прашања најави повеќе детали околу намалувањето на бројот на институциите по завршувањето на хоризонталната анализа, а првиот состанок за тоа со ангажираните ескперти е планиран за декември годинава. Откако ќе се анализираат и обработат податоците и ќе бидат консултирани коморите и синдикатите ќе се направи потребното усогласување на законите за административни службеници и за јавен сектор.

Шаќири најавува и воведување на концептот менаџерска отчетност, дефинирање на надлежности на сите нивоа во администрацијата.

-Се предвидува оценување базирано на докази со евиденција на остварени резултати врз основа на реализација на работните цели и задачи, придонес кон остварување на стратешкиот план на институцијата, личен удел и ангажираност на административниот службеник во дефинирањето планирањето на реализација и следење на резулатите утврдени со стратешки план на институцијата, демонстрирање на компетенции за работно место и посветеност на учење и развој, самооценување и оценување од другите оценувачи, рече Шаќири.

Ќе се воведе систем на оценување на институциите, а чија цел е постојано унапредувањена работење и процесите на организациите, мотивираноста на вработените и следење на перформансите.

-Со новите измени ќе се воведе процедура за управување со ефектот за сите вработени во јавниот сектор преку утврдување на целите и задачите и евиденција на постигнатиот успех. Со почеток на 2022 година ќе се овозможи секој вработен во јавниот сектор согласно постигнатиот успех да добие пет проценти на плата, наведе министерот Шаќири и дополни дека во првата година од мандатот ќе соработуваат со Министерството за труд и социјална политика за подготовка на целосно нов закон за плати во јавниот сектор кој ќе овозможи еднаква плата за еднаква работа и еднакво вложен труд и одговорност за својата работа.

Како што информираше, со предлог законот за административни службеници ќе се изврши усогласување со Законот за работни односи ќе се доуреди правната празнина за престанок на работниот однос на административниот службеник по сила на закон со навршени 64 години возраст и најмалку 15 години пензиски стаж. Министерството ќе го поддржи МТСП во процесот на креирање на политики со кои ќе се укине можноста за работа по неполни 64 годин возраст, освен во дефицитарните кадри.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 40-тина амандмани за пакетот закони од МИОА, од кои 21 за Законот за административни службеници

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

Орце Костов

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

Орце Костов

Алиу: Конечен став за забраната на Тик-Ток по координација со правосудните, образовните и безбедносните институции

Горан Наумовски

Почнаа преговорите за решавање на проблемите на регионалните и локалните радиодифузери

А1он

МИОА: Нови алатки во процесите за дигитална трансформација на општеството

А1он