А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Пајат: Историјата ќе биде благодарна и дарежлива со премиерите на Македонија и Грција за Договорот од Преспа

by А1он16/11/2018 - 11:38255
Share0

За Договорот од Преспа и позитивното влијание од него, во стабилноста на поширокиот регион, но и за желбата на САД да ја видат Македонија како напредува на патот кон НАТО говореше американскиот амбасадор во Грција, Џефри Пајат на панел дискусија во рамките на третиот „Thessaloniki summit“, според текстот објавен од грчката новинска агенција.

Добивај вести на вибер

АНА- МПА пренесува дека Пајат оцени оти Договорот од Преспа ќе оди напред, а историјата ќе биде многу благородна и дарежлива со премиерите на двете земји, Зоран Заев и Алексис Ципрас.

На панел дискусијата со новинар од грчкиот весник „Катимерини“, Пајат рекол дека САД веќе гледаат позитивно влијание од Договорот од Преспа во поширокиот регион и ја истакнал желбата на американската страна, нашата земја да напредува на патот кон НАТО.

Според грчката новинска агенција АНА–МПА, Пајат рекол дека САД работат напорно за спроведување на договорот, во соработка со нивните европски партнери.

Американскиот амбасадор во Атина, истакнал дека Договорот од Преспа не е важен само од геополитички, туку и од економски аспект.

dogovor od prespagrcijaprespanski dogovor

Би можело да ве интересира

Грците забрзано се вооружуваат

Горан Наумовски24/03/2026 - 13:2424/03/2026 - 13:24

Уапсен Македонец во Грција, беснеел со мотор со 223 километри на час

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 09:1317/03/2026 - 13:06

Земјотрес во Грција

Предраг Петровиќ14/03/2026 - 09:27

Мицотакис: Грција ќе ги ограничи маржите на горивото и производите од супермаркетите

Горан Наумовски11/03/2026 - 12:28

Маринакис: Грчката Влада ги следи случувањата на Блискиот Исток, не постои причина за загриженост

А1он02/03/2026 - 18:01

Грчката бизнис асоцијација го продолжува своето силно присуство во земјава

Катерина Ѓуровски17/02/2026 - 10:1017/02/2026 - 10:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто