Пахор: Верувам ќе донесете одлука со која на Македонија широко ќе ја отворите вратата кон иднината

Од:

Верувам дека ќе сакате да донесете одлука со која на Македонија широко ќе и се отворат вратите кон иднината. Навиваме за вас, се надеваме на најдоброто. Среќно Македонијо, вели во видео пораката до македонските граѓани словенечкиот претседател Борут Пахор во пресрет на референдумот.

– Драги македонски пријатели. Во недела ќе одлучувате за вашата судбина. За судбината на вашите деца и внуци. Ќе одлучите според ваша совест, како што вие мислите дека е најдобро за вашата иднина и иднината на вашите деца. Како Ваш пријател сакам да ви кажам, тоа е мојата оценка, дека за Македонија, за Европската унија, за Европа, за сите нас, а најмногу за вас, најдобро е да го поддржите договорот, и со тоа широко да ја отворите за Европската унија и НАТО, вели Пахор во видео пораката.

Тој на македонските граѓани им порачува дека „на овој свет ништо не е идеално, вклучувајќи го и овој договор, затоа разбирам дека има дискусии и мерења за тоа кој е во право, а кој не“.

– Во Словенија исто така минавме низ тешка одлука и се најдовме на историски важна раскрсница, да им дадеме предност на храбрите одлуки, на зрелите одлуки, одлуки со кои и отворивме врата на иднината и не ни е жал за тоа, наведува шефот на словенечката држава во видео пораката до македонските граѓани во пресрет на референдумот.

Би можело да ве интересира

На референдумот во Еквадор беа изгласани мерки за борба против криминалните банди

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Пет години од референдумот за Договорот со Грција

Словачкиот референдум не успеа поради слабата излезност

Џафери не ја добил референдумската иницијатива за францускиот предлог: Ќе ви кажам кога ќе одговорам

Кристијан Ландов

Пахор: За да се избегне поделба, целиот Балкан треба да влезе во ЕУ

Горан Наумовски