Пахор: Скопје и Софија да најдат компромисно решение без да се доведе во прашање меѓувладината конференција

Од:

Северна Македонија и Бугарија да најдат компромисно решение доколку имаат некакви недоразбирања, но тоа да не го доведе во прашање одржувањето на меѓувладината конференција, истакна денеска словенечкиот претседател, Борут Пахор.

За кое било прашање што евентуално не е јасно, рече Пахор, решенијата треба да се најдат со вешта дипломатија и флексибилни преговарачи.

– Пред нас имаме предизвик на почетокот на преговорите со Северна Македонија и тој предизвик не е толку голем, што вешта дипломатија со определена флексибилност и цврста обврска да ги почитува договорите, не би можела да го реши. Словенечката делегација денеска и утре ја посетува Северна Македонија како сојузничка која посакува сите наши пријатели, и нашите бугарски пријатели, да најдат компромиси што ќе вредат. Ја разбирам сета комплексност на прашањата кои се пред двете соседни држави. Ги разбирам одговорноста и приликата што ја имаат двете, а пред се ЕУ, да најдат начини за решавање на прашањата што се појавиле во последно време на таков начин што нема да дојде до одложување на меѓувладината конференција, напомена претседателот на Словенија по средбата со претседателот Стево Пендаровски.

Осврнувајќи се на грчката блокада за која земјава најде решение, Пахор го посочи и Договорот со Бугарија.

-Како пријателска држава и сојузничка што се залага целиот регион да стане дел од ЕУ, цело време се надевавме македонските власти да ја најдат таа моќ, авторитет и храброст за компромиси, да се реши прашањето со грчката блокада и тоа се случи. За тоа зборувам со голем восхит. Во тоа време се потпиша и Меморандум со бугарската страна со кој се трганти сите битни прашања што овозможуваат и бугарската Влада да даде согласност за почеток на меѓувладината конференција. Ако можеби тука некое прашање не е доволно јасно адресирано, сега е време, пред да дојде до какви било формални акти, со вешта дипломатија и флексибилни преговарачи да се најдат решенијата. Тоа го зборувавм како пријател на двете држави, рече Пахор.

Тој потсети дека Словенија беше во двете позиции – и да блокира и да биде блокирана од што извлекла јасен заклучок – дека кога ќе почне таков процес, на блокирање преговори, станува почлитички се потешко да се најде заемно профатлив компромис.

-Затоа ги поканувам двете држави, како пријател, да најдат решение што побрзо бидејќи одложувањето би значело многу тешка задача да се најдат прифатливи решенија, дополни словенечкиот претседател.

Претседателот Пендаровски, пак, е дециден дека земјава е отворена за компромис со Бугарија.

-Не можам уште сега да кажам каков компромис ќе биде. Тоа е процес што тече. Но, бидете уверени дека сите што сме во некаков капацитет политички на оваа страна, кај нас, во нашата земја, нема да дозволиме тој иден компромис по неколку точки од декларацијата да ги наруши нашите национални и државни интереси. Мислам дека сме на јасно кои се нашите црвени линии, многу пати се и јавно кажувани, потенцира Пендаровски.

На новинарско прашање дали посетата на гробот на Гоце Делчев има некаква симболика и дали треба да испрати некаква порака, Пахор одговори дека полагање на венецот е дел од протоколот што го предложила Северна Македонија.

-Немам никакви колебања тоа да не го направам, рече кусо Пахор.

На тоа се надоврза претседателот Пендаровски, со објаснување дека во оваа ситуација и овој политички контекст во врска со преговорите со ЕУ, Делчев е намерно ставен во агендата. Посетата на гробот е со децении дел од протоколот кога доаѓаат државници и воопшто не е наменски за оваа прилика.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лажната скромност на Пендаровски, кажа дека не сака канцеларија, за ден потоа експресно да побара

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски

Пендаровски го призна поразот: Резултатите се јасни, но мојата совест е мирна

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Пендаровски: Очекувам дека изборите ќе завршат во мирна атмосфера како што доликува на демократско општество

Горан Наумовски