Пахор: Македонија во јуни да добие датум за преговори

Од:

На Македонија во јуни треба да и се даде датум за почеток на преговори со ЕУ, изјави претседателот на Словенија Борут Пахор денеска на прес-конференција, по неговото обраќање во Европскиот парламент во Стразбур, за неговата визија за Европа.

На прашањето дали шефовите на држави и влади на идниот европски самит ќе имаат храброст да и доделат датум за почеток на преговори на Република Македонија, Пахор рече: „Мојот одговор е да. Иако прашањето за името не е решено, јас сум да и се додели датум за почетк на преговори на Македонија. Како голем пријател на Македонија, јас можам само да жалам што не се искористи можноста која и беше дадена да го реши проблемот со Грција. Но независно од ова, мислам дека е важно да и се даде датум за почеток на преговорите на Македонија.“

Според Пахор проблемите треба да се решаваат, а не да се продлабочуваат.

– Потребно е да се најдат решенија за проблемите, а не тие да се продлабочуваат. Потребно е да и се даде датум на Македонија, но тоа е мое лично мислење. Но ова под еден услов, кога одлуката ќе биде донесена, Македонија и Грција во еден разумен рок треба да се согласат најдат решение и компромис за прашањето со името, изјави словенечкиот претседател.

Смета дека во овој конфликт не треба да има ниту победник ниту поразен, бидејќи тоа се соседни земји кои ќе бидат во иста заедница. Притоа Пахор го посочи примерот на начинот на кој неговата земја и Хрватска го решија граничниот спор со компрмис.

– Македонија и Грција треба да го направат истото, нагласи Пахор.

Ако на Македонија не и се даде датум за преговори, Пахор мисли дека Македонија и Босна и Херцеговина ќе бидат оставени настрана и ќе бидат заборавени на Балканот, во момент кога Србија и Црна Гора напредуваат.

Тој притоа беше категоричен дека сите земји од Балканот треба да станат членки на ЕУ.
– Перспективата за членство на балканските земји во ЕУ и перспективата на ЕУ која ги прифаќа балканските земји е нешто позитивно, но добро знаеме дека во европските институции сега се работи на справувањето со кризата и процесот на проширување се забави, изјави словенечкиот претседател.

Според претседателот на Словенија, Балканот напредуваше самиот од себе си, а не поради притисоците од Брисел.

– Иднината на Балканот е зачленувањето во ЕУ, но претходно е потребно да се исполнат некои нешта, изјави Пахор.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија