А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: Александар Тодески
Македонија

Пад на Македонија во извештајот на Фридом хаус: Назадување во владеењето на правото и борбата со корупција

by Александар Тодески11/04/2024 - 12:101728
Share0

Македонија е сместена во групата на „циклични хибриди“ во најновиот извештај на Фридом Хаус – „Нации во транзит 2024“. Во извештајот се нотира дека не се преземени чекори за елиминирање на корумпираните покровителски мрежи, како и дека моќта продолжува да осцилира меѓу коалициите на истата група партии. Според оценката, Македонија бележи опаѓање – од ланската 3.86 на 3.79.

Добивај вести на вибер

„Во Северна Македонија, надежите што се зголемија во 2017 година по соборувањето на антидемократскиот премиер Никола Груевски допрва треба да се остварат. За разлика од Украина или Молдавија, Северна Македонија не презеде големи чекори за елиминирање на корумпираните покровителски мрежи, а моќта продолжи да осцилира меѓу коалициите на истата група партии, како што тоа го правеше со децении. Националистичката партија на Груевски ја опструираше работата на парламентот како опозиција и е фаворизирана да победи на претседателските и парламентарните избори во 2024 година. Ниту Груевски, ниту неговите најблиски соработници не беа изведени пред лицето на правдата за нивните злоупотреби на функцијата пред 2017 година. Уште полошо, контроверзните измени на кривичниот законик во 2023 година ги намалија казните за таквите злоупотреби, предизвикувајќи исфрлање на историските случаи додека јавноста веќе се оптоваруваше од фатални корупциски скандали во здравството. Годината, исто така, имаше поларизирачка парламентарна дебата за уставните амандмани кои беа потребни за укинување на ветото на Бугарија на кандидатурата на земјата за пристапување во ЕУ“, стои во извештајот на Фридом Хаус.

Фридом Хаус наведува и освен големи назадувања на Македонија во владеењето на правото, има и постојана корупција на високо ниво во текот на годината, нагласувајќи го судирот на партиите околу уставните измени, неопходни за државата да го продолжи патот кон Европската Унија.

Според оценката, Македонија е меѓу земјите во кои редовните промени во владејачката елита предизвикуваат недостиг на значајни структурни промени, но и земја во која ривалските партии во кои доминираат личностите или личните определби на нивните лидери, постојано ги политизираат и заробуваат слабите институции. Оваа категорија на држави се карактеризира со „комбинацијата на политички плурализам и површни институционални промени“.

Од седумте категории кои беа оценувани, кај нас нема промени во оценката за пет – национално демократско владеење, изборен процес, граѓанско општество, независни медиуми и локално демократско владеење. Падот се нотира во во категориите „судска рамка и независност“, и „корупција“.

Освен Македонија, во регионот назадуваат Црна Гора, која падна од 3.79 на 3.75, Босна и Херцеговина од 3.21 на 3.18 и Србија, која бележи најголем пад, од 3.79 на 3.61. Албанија, Хрватска и Косово имаат непроменета оцена.

Во групата „циклични хибриди“, Македонија е во друштвото на Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Ерменија. Косово, Украина и Молдавија се сместени во групата „демократизирачки хибриди“, додека пак Србија, Унгарија и Грузија се во групата „автократизирачки хибриди“.

ciklicen hibridfridom hausizvestajmakedonija

Би можело да ве интересира

Протест „Стоп за УСЈЕ“, се бара дислокација на цементарата

Предраг Петровиќ25/12/2025 - 20:47

ВИДЕО: Исмаил побара министерството да ја одземе интегративната дозвола на ТИТАН УСЈЕ

Предраг Петровиќ25/12/2025 - 20:34

Министерството за правда ќе формира работна група за Изборниот законик

Предраг Петровиќ25/12/2025 - 18:26

Тошковски: Со воведување на проектот „Безбеден град“ намален е бројот на повредени од сообраќајки

Предраг Петровиќ25/12/2025 - 17:14

Зошто не ја одземете дозволата на УСЈЕ, Муамет Хоџа: Ќе одговорам писмено, еден ден сум министер

Предраг Петровиќ25/12/2025 - 16:41

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Предраг Петровиќ25/12/2025 - 15:46
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен