Ознаките НМК ќе бидат бесплатни, одлучи МВР

Од:

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека донесена е одлука налепниците со ознаката НМК кои ќе треба да се залепат на регистарските таблици да бидат бесплатни за граѓаните, односно да бидат на товар на МВР.

Претхдно, од Министерството за внатрешни работи информираа дека согласно Рамковната спогодба за набавка на регистарски таблици, склучен е договор за нарачка со избраниот економски оператор, за што течат законските рокови за испорака на налепниците.

Последните информации беа дека налепниците деновиве треба да бидат доставени во МВР, а потоа дистрибуирани до станиците за техничките прегледи, каде граѓаните навреме ќе можат да ги набават. Станува збор за неколку типа на налепници, со што и цената се движи од 30 до 50 денари.

Обврската за користење на кодот „НМК“ на регистарските таблички произлегува од Договорот со Грција од 2018 година за промена на името во Република Северна Македонија, по што се овозможи влез во НАТО. Овој договор стапи на сила на 12 февруари 2019 година, што значи дека личните документи, патните исправи и регистарските таблички треба да бидат сменети до 12 февруари 2024 година.

Би можело да ве интересира

Налепниците НМК се одлепуваат – може да земете нови бесплатно, а ако ви се оштетат во странство на милост сте на граничарот

Анита Петровска Рајковиќ

„Две за 100“ – налепници НМК се продаваат на интернет и во скопски Чаир, цвета бизнисот

Анита Петровска Рајковиќ

Гужви за налепници со НМК: Во дел од станиците за технички преглед се веќе потрошени, некои не добиле

Орце Костов

Налепниците „НМК“ ќе се делат од утре, бесплатни се

Табличките со „НМК“ ќе ги чинат граѓаните 2,3 милиони евра: И во следните три години ќе ги изработува „Еха Хофман“

Орце Костов

(ВИДЕО) Сами ќе си плаќаме за промена на табличките од МК во НМК – не мора да се чека регистрација

Анита Петровска Рајковиќ