Налепниците „НМК“ ќе се делат од утре, бесплатни се

Од:

Налепниците со новата ознака за македонските возила – „НМК“ се пристигнати и од утре ќе започне нивна дистрибуција до техничките прегледи ширум државата, потврдија од МВР за А1он.

„ Од утре ќе започне постапката за дистрибуција на налепниците со ознака НМК до референтите за сообраќај во подрачните станици за технички преглед низ цела држава од каде граѓаните ќе можат да ги подигнат.“, велат од МВР

Во однос на цената иако беше најавувано дека граѓаните ќе ги чини од 30 до 50 денари, донесена е одлука со која истите се бесплатни за граѓаните, односно се на товар на Министерството за внатрешни работи.

Од МВР потсетуваат дека налепница НМК треба да набават сите сопственици на возила чии регистарски ознаки немаат никаква ознака или имаат ознака МК. Налепниците ќе се делат во станиците за технички преглед, при регистрација или возачот сам ќе може да ги подигне.

Сопствениците на возила со регистарски таблици со стариот код МК, заклучно со 12 февруари ќе треба да ги заменат со новиот код НМК што беше договорено со Преспанскиот договор кој  Македонија и Грција го потпишаа во 2018 година.

Граѓаните имаат опција или да ги заменат целосно регистарските таблици, кои ги има во станиците за технички преглед, или да стават налепница.

Тендерот за набавка на налепниците „НМК“ вреден 2,3 милиони евра го доби фирмата „Квантум дооел Скопје“, а производител на табличките е германската фирма „ЕХА Хофман“.

Би можело да ве интересира

Неоправдано е поскапувањето на регистрацијата на возила: Полисите поскапи за 15 отсто

Орце Костов

Процедурата за 45 нови возила кои Владата ќе ги купи на лизинг е ефикасна и законска, смета Грковска

Орце Костов

Налепниците НМК се одлепуваат – може да земете нови бесплатно, а ако ви се оштетат во странство на милост сте на граничарот

Анита Петровска Рајковиќ

„Две за 100“ – налепници НМК се продаваат на интернет и во скопски Чаир, цвета бизнисот

Анита Петровска Рајковиќ

Гужви за налепници со НМК: Во дел од станиците за технички преглед се веќе потрошени, некои не добиле

Орце Костов

Ознаките НМК ќе бидат бесплатни, одлучи МВР