Табличките со „НМК“ ќе ги чинат граѓаните 2,3 милиони евра: И во следните три години ќе ги изработува „Еха Хофман“

Од:

И во следните три години германската компанија „ЕХА Хофман“ ќе ги изработува регистарските таблички за моторните возила во Македонија.

Според рамковната спогодба која Министерството за внатрешни работи ја склучи со носителот на јавната набавка „Квантум дооел Скопје“, изведувач односно производител на табличките ќе биде „ЕХА Хофман“, тендерот чини 2,3 милиони евра или 141,6 милиони денари со вклучен ДДВ.

Една алуминиумска табличка за моторно возило ќе чини 711 денари без ДДВ или 840 денари со ДДВ, а табличките ќе имаат назнака „NMK“ според обврската од Преспанскиот договор.

Гаранцискиот рок на табличките ќе трае 7 години. Носителот на набавката е должен првата испорака на регистарски таблици да ја изврши најдоцна во рок од 30 дена од дено на склучување на првиот поединечен договор.

Компанијата „Квантум дооел“ која го доби тендерот на МВР да биде посредник при изработката е во сопственост на извесен Алија Реџиќ, а фирмата има седиште на улица „Коле Неделковски“ број 50, Скопје.

Фирмата Квантум како друштво за сообраќаен, внатрешен и надворешен промет е запишана во Централниот регистар во 1990 година.

Од 2009 до сега оваа фирма склучила околу 30 тендерски договори во вкупна вредност од 10,6 милиони евра. Најголемиот од 2,1 милион евра е со МВР, додека останатите се со Јавните претпријатија „Македонски железници- инфраструктура“ и „МЖ – транспорт“ како и со „ЕВН“.

Би можело да ве интересира

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он