Налепниците НМК се одлепуваат – може да земете нови бесплатно, а ако ви се оштетат во странство на милост сте на граничарот

Од:

Откако се воведе новото правило, кое потекнува од преспанскиот договор, сите регистрации на автомобилите во Македонија да имаат налепници со ознаката НМК, многу граѓани се жалат дека налепниците не се квалитетни и многу брзо се одлепуваат и оштетуваат

На социјалните мрежи се објавуваат и фотографии на кои се гледаат оштетени налепници.  .

Главно прашање е што доколку налепницата се оштети, дали граѓаните можат да добијат нова.

Од МВР за А1он велат дека граѓаните можат без проблем на било кој технички преглед да добијат нова налепница.

„ Доколку се оштети налепница, граѓаните може да набават нова во станиците за технички преглед. При замена поради оштетување, истите се бесплатни.“ , велат од МВР.

Налепниците „НМК“ се бесплатни но сепак ќе мора да се помине повторно процедурата.

Граѓаните при подигнување на налепниците потребно е во станицата за технички преглед да отидат со сообраќајна дозвола и со возилото, да пополнат барање на шалтерите на МВР, по што налепницата ќе им ја залепи вработен од станицата за технички преглед и за истото се води посебна евиденција при што Вашето возило ќе биде евидентирано дека поседува налепница со ознака НМК, велат од МВР.

МВР не прецизираше што доколку налепницата се оштети додека сте во странство и дали доколку сте на пример во Грција, дали би имале проблем да ја минете границата ? Засега нема можност налепници да се менуваат на граница туку исклучиво во станиците за технички преглед.

Доколку налепницата ви се оштети во странство, останува да се надевате дека граничарот на странската земја нема да ви прави проблем да ја минете границата со така оштетена налепница.

Според информациите од досега распределените налепници низ станиците за технички преглед во Македонија, подигнати биле 244.797 налепници. Сепак од МВР велат дека има и многу граѓани кој одлучиле да платат за замена на нови регистерски таблички кои се со ознаката „НМК“.

Налепница НМК треба да набават сите сопственици на возила чии регистарски ознаки немаат никаква ознака или имаат ознака МК. Со новите измени, налепниците не се задолжителни за територијата на РСМ до 31.12.2024 година, но истите се задолжителни за патување во странство.

 

Би можело да ве интересира

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он

Претреси на 32 локации во Скопје по наредба на судија, се проверуваат и простории на МВР