Гужви за налепници со НМК: Во дел од станиците за технички преглед се веќе потрошени, некои не добиле

Од:

Во дел од станиците за технички преглед во Скопје има налепници НКМ, во некои сеуште немаат добиено, а дел веќе ги потрошиле.

Во станиците за технички преглед на АМСМ, станиците за технички преглед на Здружението на возачи на Македонија во Кисела Вода и Карпош, ПСС и Цертус, налепници имаше, но во недоволна количина.

Во Кисела Вода налепниците веќе се потрошени поради гужвите кои почале од утрината и како што ни изјавија оттаму не знаат кога ќе добијат нови налепници, додека во станицата за технички преглед на Здружението на возачи во Карпош не добиле налепници и не знаат кога ќе добијат.

Во станицата за технички преглед Цертус во населбата Ченто велат дека налепници за регистарските таблички со три бројки немаат, додека за оние со четири бројки имаат.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека освен оние возила што ја имаат ознаката НМК, сите останати треба да имаат налепница.

За да добиете две најобични налепници вие со вашето возило ќе мора да отидете до станица за технички преглед, да пополните барање каде ќе ги внесете потребните податоци за вас и вашето возило, потоа да го доставите до шалтерот на МВР, за на крајот налепниците да бидат залепени ид страна на некој од контролорите во станицата за технички преглед.

Вчера пак, МВР соопшти дека возачките дозволи, од 00 часот на 13 февруари 2024 година ќе важат само возачките дозволи со името Република Северна Македонија.

„Министерството за внатрешни работи ќе постапува согласно закон и затоа апелираме граѓаните да не управуваат возило доколку немаат валидна возачка дозвола со името Република Северна Македонија“, додаваат од таму.

Предупредуваат дека во случај на настаната штета при евентуална сообраќајна несреќа, поради невалидната возачка дозвола, граѓаните кои немаат валидна возачка дозвола ќе мора да ги сносат последиците околу евентуалната штета.

Би можело да ве интересира

Налепниците НМК се одлепуваат – може да земете нови бесплатно, а ако ви се оштетат во странство на милост сте на граничарот

Анита Петровска Рајковиќ

„Две за 100“ – налепници НМК се продаваат на интернет и во скопски Чаир, цвета бизнисот

Анита Петровска Рајковиќ

Налепниците „НМК“ ќе се делат од утре, бесплатни се

Ознаките НМК ќе бидат бесплатни, одлучи МВР

Инцидент на технички преглед во Гостивар – Полил со бензин вработен и сакал да го запали своето возило – бил незадоволен од услугата

Табличките со „НМК“ ќе ги чинат граѓаните 2,3 милиони евра: И во следните три години ќе ги изработува „Еха Хофман“

Орце Костов